Почетна » Новости » Актуелно » Ајде да зборуваме за женското здравје: dm дрогерие маркт трета година по ред создава простор за важни разговори

Ајде да зборуваме за женското здравје: dm дрогерие маркт трета година по ред создава простор за важни разговори

Со цел подигнување на свеста, менување на перцепцијата, дестигматизација и детабуизација на темите кои се релевантни за женското здравје, dm дрогерие маркт, трета година по ред ја започнува кампањата за женско здравје. Оваа иницијатива е насочена кон создавање отворен простор за дискусија и размена на информации, со акцент на важноста на физичкото, менталното и социјалното здравје на жените.

dm

Со почеток на месец јуни, под слоганот „Ајде да зборуваме за женското здравје“ dm дрогерие маркт, компанија позната по својот општествено одговорен ангажман и континуираната посветеност на зајакнувањето на заедницата, повторно го става женското здравје во фокус на своите активности. Во следните три месеци, dm ќе соработува со стручни соработници, вклучувајќи гинеколози, дерматолози, нутриционисти и психолози, кои ќе ги споделат своето знаење и искуства. Кампањата ќе се фокусира на различни аспекти на женското здравје, од менструалните проблеми до менталното здравје, и ќе понуди практични совети и поддршка.

Ајде да зборуваме за женското здравје

Во денешното брзо секојдневие, жените често се наоѓаат во многу улоги – мајки, професионалци, пријатели и поддршка за другите. Но, во тој процес, често забораваат на себе и своето здравје. Здравјето на жените е многу повеќе од само физичка благосостојба; тоа е комплексен мозаик кој вклучува менталнa, емоционалнa и социјалнa благосостојба. Токму затоа, слоганот „Ајде да зборуваме за женското здравје“ е моќен повик за акција, кој ги охрабрува жените да се отворат и да дискутираат за теми кои често се занемаруваат или избегнуваат. Овој слоган е симбол на заедништво и поддршка, кој ги повикува жените да се обединат во своите борби, да се охрабрат да се грижат за своето здравје и да започнат да разговараат. Да разговараат за нивното тело, за нивната душа и за сето она што ги движи и што ги прави посилни.

Втора сезона од dm поткастот „Женски ритам“

Втората сезона на поткастот „Женски ритам“ е на повидок, ветувајќи 6 епизоди со 12 извонредни гости и теми кои ќе го привлечат вниманието на секоја девојка и жена. Овој поткаст повторно ќе биде платформа за споделување на искуства, совети и инспирација, создавајќи заедница која ќе се поддржува и охрабрува. Првата епизода од втората сезона ќе излезе на 9 јуни и истата ќе може да ја погледнете на YouTube каналот на dm.

Заедно, можеме да создадеме простор каде што секоја жена ќе се чувствува слушната, разбрана и поддржана. Нека оваа кампања биде инспирација за сите нас да се грижиме за себе и да се поддржуваме во нашите патувања кон подобро здравје. Нека започне разговорот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26256 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.