Почетна » Новости » Актуелно » Алармантен пораст: 180 новозаразени од коронавирус во Македонија

Алармантен пораст: 180 новозаразени од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство потврди дека има значителен пораст на бројот на новозаболените од КОВИД-19. Веќе трет ден по ред бројката на заразени од SARS-CoV-2 е троцифрена.

Во изминатото деноноќие биле направени 1.272 теста, а биле регистрирани рекордни 180 позитивни лица.

Новозаболените според местото на живеење се од:

  • Скопје – 109
  • Куманово – 26
  • Штип – 15
  • Тетово – 12
  • Гостивар – 8
  • Гевгелија – 2
  • Дебар – 1
  • Струга – 1
  • Велес – 1
  • Битола – 1
  • Охрид – 1
  • Валандово – 1
  • Свети Николе – 1
  • Неготино – 1
коронавирус

Потврдено е дека имаме и 11 оздравени лица и 2 смртни случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.790, бројката на оздравени пациенти е 1.632, на починати е 149, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.009.

Венко Филипче денеска уште еднаш потенцира дека најважно е да се почитуваат мерките за побрзо да се справиме со кризата. „Навистина не е тешко да се следат и почитуваат овие три клучни мерки за заштита од коронавирусот. Едноставно немаме и не постојат други механизми за заштита. Мора да се навикнеме да живееме со вирусот и да се штитиме постојано. Само така може да излеземе од кризата“ – порача тој.

коронавирус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9528 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.