Почетна » Новости » Актуелно » 50 новозаразени, 133 оздравени и 16 починати од коронавирус

50 новозаразени, 133 оздравени и 16 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.533 тестирања, а има 50 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 26
  • Битола – 7
  • Куманово – 6
  • Прилеп, Охрид и Струга по 2
  • Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово по 1
податоци

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г, 77г, 84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г, 62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).

Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 58
  • Куманово и Прилеп по 10
  • Виница – 8
  • Струмица – 6
  • Охрид, Штип и Радовиш по 5
  • Велес – 4
  • Гостивар, Кичево и Свети Николе по 3
  • Битола, Кочани и Кавадарци по 2
  • Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11446 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.