Почетна » Новости » Актуелно » 147 новозаболени, 111 оздравени и 6 починати од коронавирус кај нас

147 новозаболени, 111 оздравени и 6 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство ги објави најновите информации за коронавирусот во земјава, според кои има 147 новозаболени од КОВИД-19. Во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања.

Според местото на живеење, новите инфицирани лица се од:

  • Скопје 64
  • Куманово 8
  • Штип 6
  • Прилеп 3
  • Тетово 16
  • Струга 7
  • Велес 5
  • Битола 4
  • Охрид 5
  • Гостивар 9
  • Струмица 1
  • Крива Паланка 1
  • Кочани 1
  • Пробиштип 1
  • Кратово-1
  • Свети Николе 7
  • Кичево 4
  • Ресен 4
Податоци

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.

  • Скопје 56
  • Штип 7
  • Тетово 36
  • Велес 2
  • Битола 3
  • Гостивар 1
  • Гевгелија 2
  • Струмица 1
  • Свети Николе
  • Ресен 2

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 409
  • Аеродром – 150
  • Бутел – 162
  • Гази Баба – 189
  • Центар – 143
  • Карпош – 163
  • Сарај – 149
  • Кисела Вода – 109
  • Ѓорче Петров – 114
  • Студеничани – 110
  • Шуто Оризари – 86
  • Арачиново – 50
  • Илинден – 32
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 18
  • Сопиште – 14
  • Зелениково-6
  • Странец – 2
  • Нераспределен- 65

Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.