Почетна » Колумни » Чисто пријателски » Минатофилија и надеж во идно неопределено време

Минатофилија и надеж во идно неопределено време

Во овој свет на лажирани љубовни пораки и неиновативни реклами за Св. Валентин (среќа што имаме алтернативна опција со Св. Трифун), јас се доживувам себе како ултимативниот борец за идејата наречена љубов. Да не се разбереме погрешно, преценетоста на концептот ми е јасна и сите слатки инспиративни потсетници залепени на огледалото од досада, се искористени мал милион пати.

Но откажување нема, ќе се наоружаш со саркастични коментари и иронични превртувања на очите за пред јавноста и право во реалниот свет да си ја испробаш среќата. Токму тука, настануваат сите двоумења мили мои, откривањето и развивањето на бившогенот, па дијагностицирањето на најчестата болест во современата утопија, минатофилијата.

Пар

Сите љубовни приказни, бар во почетокот и крајот на својата егзистенција, се многу слични, се среќавате на некое ултра „ неконвенционално “ место, почнуваат да летаат пеперутки, се сакате најмногу на светот. Вашата љубовна приказна е толку епска што Толстој не можел да ја опише во „Ана Каренина“ и еден ден, после сите проблеми со неговата бивша девојка/вашиот бивши дечко (блиску сум до поентата), неговото доцнење, вашата слобода, крајот е на повидок.

Тука, во овој мал простор на постоење, кога сите емоции се стремат кон една единствена цел, зачувување и во исто време бегство од љубовта која што требаше да ви го смени животот, се раѓаат овие појави.

Јас ја имав (не)среќата да ја откријам оваа моја болест на помлади години, сфатив дека го имам бившогенот, затоа што секогаш кога ќе ја слушнам на радио „The Blower's Daughter“ од Damien Rice, која он ми ја посвети, срцето на момент ми запира и сите мои хипоте(ну)зи и кракови паѓаат во заборав.

Затоа развив одбрамбен механизам, дека никогаш не треба да ѝ ги земеш сеќавањата на бившите на една девојка. Теоријата вели дека на сите нас, бившите ни требаат како воздухот. За да можеме да се сеќаваме на тоа дека некој некогаш очајно нè сакал, направил сè за да нè направи среќни, дека некој некогаш сме сакале, дека сме биле дел од бајката за којашто сите во денешно време зборуваат со тон на потценување во гласот.

Да живее постмодернизмот во јавноста, но, секоја жена заслужува да се сеќава со љубов или омраза, зависи од тоа какво било искуството, на својот бивши дечко. Затоа што во интимата на нашите умови, тоа значи дека сме живееле.

Токму тоа е ставот со којшто јас се обидувам да се оправдам пред себе (богами и пред другите), зошто секогаш ќе бидам преплавена од меморијата за нив, бар на момент, од начинот на којшто спиеле, јаделе, пиеле кафе или иритантниот звук кој што го правеле додека гледале телевизија. Крајно, што сме ние без нашите најекстатични моменти, разочарувања и спомени?

Сепак, иако оваа сè уште неоткриена филозофска дисциплина, недијагностицирана болест, оди во прилог на изедените чоколади (поради ендорфините е) љубовта живее само во иднината. Во она неопределено идно време, кога искуствата коишто ја оформиле оваа персона, ќе ѝ овозможат да најде некоја друга којашто ќе ја исполнува. Не е Дизни крив за надежта во којашто јас јавно, а некои од нас потајно живеат, туку потребата, желбата, идејата за љубовта.

Ниту едно откажување не бара плаќање повисока цена од откажувањето од љубовта, исто како што најнеуспешно е бегството од минатото. Знаете, на крајот и надежта излегла од Пандорината кутија, не залудно, тоа Ви ветувам.

Автор: Виолета Бојковска
Авторката е девојка што станува сабајле во 7. Или во 1 попладне. Таа е една фина, нежна романтична душа што бара Љубов. Или некој на којшто ќе му го искине срцето. Секогаш пожртвувана другарка што ги цени блиските. Или ултра хедонист без обѕир за никој. Се радува на убавините на светот. Или се привикнува на монотонијата на животот. Не ѝ замерувајте, Близнаци е во хороскоп.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.