Почетна » Колумни » Сензорни авантури » КОЛУМНА: Развој на децата во претшколска возраст

КОЛУМНА: Развој на децата во претшколска возраст

При посетата на неколку семинари, посветени на целокупниот развој на децата, како социо-емоционален, така и физички и когнитивен, посебен акцент беше ставен на развојот на различни вештини и способности кај децата на возраст помеѓу 5 и 7 години.

Елизабет со своите 5 и пол години е веќе во оваа фаза, па си го поставуваме прашањето дали наредната година ќе започне со училиште или можеби ќе остане една година дополнително во градинка, па оваа тема предизвика огромен интерес кај мене и беше причина за мало истражување на оваа тематика и читање на различна литература и статии поврзани со истата.

За повеќе наши идеи и активности, во домот но и надвор од него, можете да погледнете на https://www.instagram.com/oursensoryfamily/

Денешната, а и наредните неколку колумни ќе ги посветам на развојот на децата во оваа претшколска возраст.

Во шестата година од животот, децата најчесто се наоѓаат во претшколска возраст, односно на крајот од истата ќе започнат да го посетуваат училиштето.

За во училиште му се потребни на детето низа способности и карактеристики кои се развивале во изминатите години.

Покрај детската неструктурирана игра, со која детето можеби минало и часови во игра и забава, во оваа претшколска возраст е потребно детето веќе да има стекнато рутина, или барем да се направат првите чекори кон остварување на истата, при изведување на различни задачи. Потребно е да биде во состојба да ја заврши задачата докрај, при конфронтацијата со потешкотии да бара одговори и решенија, да ја развива способноста да решава задачи кои му се зададени и можеби му задаваат потешкотии при решавањето.

Во различните фази од развојот, додека расте детето, се менува и играта. Најпрво се започнува од симболична игра ориентирана кон сам себе, потоа често си игра во близина на другите дечиња, за потоа истата да премине во игра со улоги каде се комуницира со останатите дечиња. Потребно е и да има соодветни социјални вештини, способност за адаптација и компромис.

Најмалите дечиња зборуваат за себе во трета форма, во претшколска возраст, оваа појава веќе е исчезната.

Најчесто токму говорот е првиот и најлесно воочлив момент дека детето се соочува со некакви предизвици или пречки во развојот. Истовремено, покрај развојот на говорот, се стекнуваат и други вештини кои се неопходни и се основа врз која детето ги надоградува своите способности. Да располага со речник на зборови доволно богат за да гради комплексни реченици.

Дополнително и низа знаења како на пример способноста да разликува бои, форми, лево од десно, како и годишни времиња се некој просек кој е потребно да биде совладан во оваа возраст.

На шестиот роденден, децата најчесто веќе знаат да го напишат сопственото име, препознаваат бројки и некои букви.

Во оваа предшколска возраст, развојот на децата минува низ повеќе етапи и истите постигнуваат огромни скокови и промени.

  • Социјален и емоционален
  • Физички развој
  • Развој на говорот
  • Когнитивен
Деца

Социјален развој

Социјалниот развој на детето се рефлектира како кон возрасните, така и кон неговите врсници.

Да успее да се снајде во група и да може јасно и гласно да го искаже своето мислење и став. Истовремено да биде способно да се воздржи и да ги почитува границите на другите.

Да успее да каже НЕ, но и да умее да го прифати туѓото НЕ. Нема тешкотии да пристапи на една група и да започне разговор, да чувствува припадност кон истата.

Во однос на играта со децата и припадноста во една група, способно е да ги сослуша желбите и потребите на другите кои се припадници во истата, постои подготвеност за компромис и надминување на конфликти.

Ги препознава сопствените, но и туѓите желби и потреби. При сопствените дејствија и реакции ги зема во предвид желбите и потребите и на другите.

Емоционален развој

Чекори во емоционалниот развој:

  1. Емоционално изразување, вербално и невербално.
  2. Емоционално спознавање за тригерот на определени емоции кај себе или личностите во околината
  3. Емоционална регулација, внатрешни и надворешни стратегии за справување со емоции

Преку невербалното изразување на радост, тага, лутина, страв, детето учи за реакциите на личностите од својата околина. Преку тоналитетот и гласот на својата мајката, насмевката на лицето на таткото, реакциите на своето братче/сестричка.

Подоцна успева и да развива стратегии за смирување и регулација на стрес, како на пример преку плишаната играчка или цицање на палчето.

Вербалното изразување на детето во просек започнува од втората година од животот. Со почетокот на оваа фаза децата ги прошируваат способностите за емоционална комуникација и интеракција со личностите од околината.

Во претшколската возраст, децата започнуваат да учат покомплексни емоции како гордост, срам, вина, љубомора.

Во моментот кога децата ќе откријат кои емоции ги предизвикуваат определени ситуации кај нив стануваат свесни и за емоциите на останатите.

Предуслов за развој на емпатијата кај децата, односно да проценат една ситуација и да ги препознаат и почувствуваат емоциите и чувствата на лицата погодени од истата, се когнитивните способности на детето.

Развојот на емпатијата започнува во првата година од животот, кога децата сè уште не успеваат да ги разграничат сопствените емоции од оние на околината. Оваа фаза се нарекува и глобална емпатија.

Втората фаза, која трае помеѓу втората и четвртата година од животот, се нарекува егоцентрична емпатија и е мешавина од сопствените и туѓите емоции и чувства.

Емоционалната емпатија започнува во претшколската возраст, од 6 до 7 години, кога има диференцијација помеѓу сопствените и туѓите чувства.

Контекстуалната емпатија започнува од школската возраст, по седмата година, кога детето ги поврзува различните контекси и извори на информации.

*Продолжува*

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.