Почетна » Колумни » Сензорни авантури » КОЛУМНА: Дали детето треба да знае да чита и да пишува при уписот во училиште?

КОЛУМНА: Дали детето треба да знае да чита и да пишува при уписот во училиште?

Стручњаците често дискутираат и има несогласувања на оваа тема.

Пред сè, голема опасност за развивање на погрешна рутина е детето да не се чувствува доволно стимулирано и да му биде досадно на училиште доколку материјалот му е претходно совладан.

Од друга страна, желбата за знаење, посебно кога дечињата имаат постари брат или сестра кои веќе го поминале тој материјал, е огромна и тешко е да се запрат дечињата во нивната намера да започнат да учат.

Најчесто, како компромис, се доаѓа до ставот дека доколку детето само изрази желба, поставува прашања и има огромен интерес само од себе за учење, тогаш да му се објасни и покаже. Но, без редовни часови за истото поттикнати или мотивирани од родителот. Она што го прави детето по сопствена иницијатива и сопствено темпо, со мотивација, не му штети. Најдобар начин да се елиминираат или минимализираат опасностите кои евентуално би настанале подоцна, во училиште, е родителот точно да се информира каква програма е застапена и начините на нејзино предавање.

Деца

Децата кои го совладале читањето во претшколска возраст не се поинтелигентни од оние дечиња кои тоа го совладуваат во училиште. Не постои поврзаност и автоматизам дека доколку детето го совлада читањето пред да започне во училиште, има повисока интелигенција од другарчињата кои тоа ќе го сторат 1-2 години подоцна.

Всушност, околностите имаат голема улога за истото, не интелигенцијата. Дали родителите го стимулираат тоа, дали има постари брат и сестра кои веќе се во училиште, па детето во своето секојдневие е опкружено со читање/пишување и кај него се јавува онаа желба да докаже дека може, дека е и самото големо.

Голем број на деца иако го совладале читањето, едноставно не ја сфаќаат суштината на она што го прочитале. Причината е едноставна, детето не е спремно за тоа.

Голем број на наставници го делат ставот дека на едно дете не му е потребно да чита и пишува пред уписот во училиште.

Наеднаш големите се повторно најмали. Училиште, нова средина, нов материјал и нови предизвици. На детето му се потребни комбинација од многу вештини за успешен старт и адаптација. Социјални и емоционални вештини, храброст, решителност, љубопитност, способност за адаптација, мотивација за ново итн. Наставниците го делат ставот дека сосема е доволно детето да умее да го напише своето име, можеби и имињата на најблиските членови од семејството, да ги знае буквите од истите, да поседува рутина и склоп од вештини (правилно држење молив, правилно држење ножици…) способност да се концентрира и желба за знаење.

Децата полека го напуштаат светот на фантазијата кој е прилично застапен во претшколската возраст и полека преминуваат во светот на логиката и размислувањето и започнуваат да поставуваат сè повеќе и повеќе прашања за околината и светот кои ги опкружуваат.

Во оваа претшколска година, акцентот се става на учењето низ игра во домот, но и при прошетките во природа, музеи и други излети кои би поттикнале интерес кај детето.

И во градинка програмата треба да се разликува од онаа во претходните.

Акцентот да се стави на форми, бои, количини, пишување, графомоторика, учење песнички. Дечињата кои имаат проблем со изговор на определени букви веќе да работат со стручно лице за надминување на потешкотиите, дечињата кои покажуваат некакви потешкотии во фината или грубата моторика во претшколската година ќе бидат соодветно стимулирани и ќе се обрне внимание на одделни сфери.

Да не заборавиме дека децата имаат свој ритам и сопствено темпо, дека наша задача е да ги препознаеме и да ги поддржиме, не е задача на децата да ги исполнуваат нашите замисли за тоа што би требало тие да знаат и да бидат некаков трофеј.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.