Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис
Почетна » Новости » Промо » Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата.

Триглав

S&P во својот извештај го оценува профилот на ризик во работењето на Групацијата Триглав како солиден, а профилот на финансиски ризици како многу солиден. Во извештајот се наведува дека Групацијата, со својот фокус кон клиентите и во овие тешки услови обезбедува стабилно и профитабилно работење во двете активности, во осигурувањето и во управувањето со средства. Водечката позиција на словенечкиот пазар овозможува да примени економија од обем, која што ја надополнува со својата широка понуда и продажна мрежа и со употреба на силниот бренд. Профилот на ризичност на Триглав е добар, поврзан е со конзервативна инвестициска политика и со стабилна и ефективна реосигурителна заштита, додека инвестициското портфолио е квалитетно и добро диверзификувано, претежно во еврозоната. S&P смета дека претходно наведеното, во комбинација со дисциплинираното преземање осигурителни ризици е клучниот темел за стабилноста во работењето и за позицијата на Групацијата Триглав.

Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг ги рефлектира очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав и во иднина, најмалку во следниот двегодишен период, успешно ќе ја одржува деловната стратегија со акцент на растот и натамошната диверзификација во работењето. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај пандемијата и нејзините влијанија, ќе ги одржи доброто и стабилно работење и високата капитализираност и дека и во следните две до три години ќе ги исполнува критериумите за најмала оцена »AA«.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.