Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Мезе со печени пиперки

Мезе со печени пиперки

Пиперките се задолжителен елемент од македонската кујна. За време на летните горештини, можете да ги искористите за лесна закуска со сирење.

Мезе со пиперки

Состојки

пиперки во различни бои
тврдо сирење
маслинки
масло
оцет
лук
магдонос

Подготовка

  1. Испечете ги пиперките. Излупете ги, а потоа исечете ги на ленти.
  2. Сирењето исечете го на коцки. Пожелно е да изберете тврдо сирење кое не се распаѓа лесно.
  3. Коцките сирење замотајте ги во ленти пиперки. Прободете ги со чепкалка за заби и одгоре ставете маслинка.
  4. Посипете ги пиперките со дресинг (мешавина од масло, оцет, лук и магдонос).

Рецептот е на форумџиката @Babushka, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Пиперки“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.