Почетна » Новости » Промо » Совршен уред за борба против алергените во вашиот дом

Совршен уред за борба против алергените во вашиот дом

Правосмукалка од соништата? Со Samsung Bespoke Jet™ Complete животот ќе ви биде полесен во секој можен поглед!

Ах тие алергии! Микро-честички кои некогаш знаат да го направат животот навистина неподнослив. Течење на носот, солзење на очите, кивање и притисок на лицето, а во некои случаи и напад на астма. И небаре нештата не се доволно комплицирани, па секојдневната борбата со прашината и здодевното чистење одземаат дополнително време и енергија кое сè помалку го имаме.

Замислете уред кој е создаден до совршенство за да ви користи вам и на вашите потреби. Уред кој чистењето ќе го направи лесно и забавно, а борбата со алергии ќе ја заврши како апсолутен победник. Пролетното чистење е на прагот, а она што ви е потребно е Bespoke Jet™ Complete правосмукалката која буквално има сè!

Сега е лесно да го одржувате домот чист со помош на All-in-one Clean Station. Ја завршува целата тешка работа, ефикасно го празни садот за прашина со помош на „Air Pulse“ технологијата и собира 99,999 % од ситната прашина за максимална хигиена на вашиот дом.

Samsung Bespoke Jet

Пролетната генералка завршете ја додека да трепнете!

Ако сакате длабинско чистење, тогаш ова е совршениот избор. Моќ на вшмукување до 210 W, генерирана од моторот Digital Inverter, додека аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем го оптимизира протокот на воздух, а мулти-циклонската филтрација на воздухот ги собира ситните честички прашина, за беспрекорно чист дом ослободен од секакви алергени и микро-честички. Благодарение на времето на работење до 1 час, ќе имате доволно моќ да ја исчистите целата куќа, со само едно пуштање. Сè тоа благодарение на долготрајната батерија што се отстранува, која може да се замени со резервна, овозможувајќи до 2 часа чистење. Користејќи ја уникатната технологија на Samsung, задржува 70 % од првичните перформанси до 500 циклуси.

Го знаете оној досаден момент на бескрајно чистење на прашината од подовите и нејзиното константно циклично враќање назад во воздухот? Повеќе штета отколку корист! Со Samsung Bespoke Jet тоа не е опција. Повеќеслојниот систем за филтрирање собира 99,999 % прашина, додека, пак, Jet Cyclone собира ситни честички прашина, како на пример полен и мувла. Ова значи дека воздухот во домот може да го одржувате чист, исто како и подовите. Оптималната насока на воздухот го намалува отпорот на воздухот околу садот за прашина, а 27-те отвори за воздух ја сведуваат на минимум загубата на вшмукување, така што можете да се релаксирате, знаејќи дека правосмукалката ќе испорача конзистентни перформанси во секоја просторија. Теписите и тврдите подови ќе бидат идентично чисти благодарение на мекиот валјак на четката Jet Dual кој собира големи честички прашина од тврдите подови. Најлонските и гумени остри влакна го подобруваат чистењето теписи, особено бидејќи се ротираат при 4.000 rpm. Ротирачката глава од 180 степени ја менува насоката, а барабанот се отстранува со само еден клик. Збогум на досадните прашинки и алергени!

Samsung Bespoke Jet

Забавно чистење

Што велите за семејно чистење со најмалите? На прва звучи апсолутно невозможно, но совршениот дизајн на Samsung невозможното го прави возможно! Поделете ги обврските помеѓу најмалите и исчистете го домот без напор со лесна контрола и движење. Лесната правосмукалка гарантира максимална искористеност и го намалува напорот на зглобовите. Бидејќи делот што се држи во рака тежи само 1,44 кг, со што е 13 % полесна, чистењето на домот сo Samsung правосмукалката значи длабинско чистење кое е неверојатно забавно. И да, заборавете на болките во грб после чистење, лесниот и ергономски дизајн за лесно чистење и телескопската цевка се грижат за вашата удобност. Нема повеќе чучнување или да кревање кога чистите со правосмукалка. Трите различни големини на цевката се прилагодуваат за да ви одговараат според вашата висина.

Samsung Bespoke Jet

Милениците нема повеќе да ви создаваат главоболка!

Мали, големи, слатки животинчиња кои колку што даваат љубов, толку и валкаат. Тврдокорните влакна од милениците лесно ќе се отстранат благодарение на моќниот мотор Digital Inverter, со што добивате суперлесна, но моќна правосмукалка. Благодарение на подобрениот статор, ротор и 3D вентилатор, сега е 47 % полесна, овозможувајќи вшмукување до 210 W. Нека бескрајното тркалање на подот и мебелот биде повторно вашата омилена активност со миленичињата.

Пролетната генералка и константното одржување на хигиената на високо ниво во домот сепак и не било толку напорно, зар не?

Повеќе информации околу овој производ може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/vs9500al-vc-with-all-in-one-clean-station-white-vs20a95843w-ge/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.