Почетна » Новости » Промо » Основци од СОС Детско село беа гости на Зимскиот базар во Меѓународното училиште „НОВА“

Основци од СОС Детско село беа гости на Зимскиот базар во Меѓународното училиште „НОВА“

Околу 15 штитеници на СОС Детско село беа вклучени во активностите подготвени во рамки на Зимскиот базар во организација на Асоцијацијата на родители и наставници при Меѓународното училиште „НОВА“.

При посетата на базарот, учениците од повисоките одделенија од „НОВА“ ги придружуваа децата од СОС Детско село кои учествуваа во спортски активности, изработуваа новогодишни декорации, а имаа и можност, со ваучери поделени од училиштето, да купат некои од производите на повеќе од 20 локални занаетчии кои изложуваа на базарот. Празничното расположение беше крунисано со специјално дизајнирана сцена за фотографии со Дедо Мраз. Сите присутни уживаа и во вкусот на палачинки и топли напитоци кои беа дел од понудата за време на настанот.

Зимски базар во НОВА Зимски базар во НОВА

„Си одбрав ланче за мене и сестра ми. Имаше толку многу убави работи што не знаев што да изберам. На крај се одлучив за ова ланче“ - го сподели своето искуство од базарот 12-годишна ученичка.

По завршување на Зимскиот базар, гостите ја проследија новогодишната претстава подготвена од учениците од градинката на „НОВА“ и уживаа во популарните божиќни и новогодишни песни.

Зимски базар во НОВА Зимски базар во НОВА

Посетата на СОС Детско село е дел од активностите на Меѓународното училиште „НОВА“ за помош на заедницата, кои се составен дел од образовната програма на училиштето наменети за поддршка на локалната заедница преку инклузивни хуманитарни акции и иницијативи. Целта на традиционалниот Зимски базар е на едно место да се соберат родителите, наставниците и учениците и преку заеднички активности и споделување на различните култури и традиции, да бидат дел од динамичната меѓународна заедница на „НОВА“.

Зимски базар во НОВА Зимски базар во НОВА

На годинешниот Зимски базар изложуваа занаетчии и мали претприемачи кои рачно изработуваат накит, играчки, декорации, керамички садови, восочна хартија, приврзоци, сапуни од природни состојки, плетени кукли итн. Асоцијацијата на родители и наставници го збогати настанот со домашно изработени колачиња и слатки, кои исто така беа на продажба. Собраните средства ќе бидат наменети за организација на други настани од ваков вид со кој се поттикнуваат хуманитарни акции, како и за потребите на учениците на НОВА.

Зимски базар во НОВА

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.