Почетна » Новости » Промо » НЕПТУН Македонија се стекна со сертификатот „ФЕР со потрошувачот“

НЕПТУН Македонија се стекна со сертификатот „ФЕР со потрошувачот“

НЕПТУН Македонија се стекна со сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека НЕПТУН е ориентиран кон почитување на правата на потрошувачите и посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

Нептун

„НЕПТУН Македонија е компанија чија интенција е подобро да ги разбере потребите на потрошувачите, да ги идентификува клучните проблеми и трендови, и да ги отстрани сите причини за евентуално незадоволство кај нашите клиенти. Нашата цел е да создаваме амбиент за задоволни потрошувачи, да воведеме практики за подобро почитување на правата на потрошувачите преку доброволно прифаќање на кодекс за фер односкон нив и истото да се отслика во работењето во рамките на сите работни единици на компанијата” – изјави раководителот на продажба на НЕПТУН Македонија, Димитар Стојковски.

Нептун

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на НЕПТУН кон процесот на сертификација. Тоа значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификат – ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Нептун да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на нивната доверба и задоволство. Нептун претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании“ – изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Нептун

Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

Нептун

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.