Почетна » Новости » Промо » Донаторска акција на компанијата Подравка со брендот Вегета

Донаторска акција на компанијата Подравка со брендот Вегета

Со 'Донираме и училишни кујни реновираме' му помагаме на средното угостителско училиште ‘Лазар Танев’ во Скопје

Во рамките на програмата за општествена одговорност, компанијата Подравка го започна проектот 'Донираме и училишни кујни реновираме'. Со секоја продадена Вегета оригинал во сино пакување во периодот од 01.03.2023 до 31.03.2023 година ќе бидат одвоени 5 денари за реновирање на училишни кујни. Оваа година, донираните средства ќе бидат наменети за СУГС „Лазар Танев“, Скопје. Собраните средства ќе обезбедат училиштето да вдахне нов живот во својата кујна, а учениците да го усовршат кулинарскиот занает. За таа цел, компанијата Подравка повикува заеднички да ги поддржиме идните професионални готвачи и да им овозможиме современи услови за школување.

Вегета

Вкупната вредност на донацијата ќе се објави на 1 април 2023 година и ќе зависи од продадените Вегета Оригинал производи, а ќе биде употребена за набавка на современи кујнски апарати по сите стандарди, кои ќе им послужат на многу генерации професионални готвачи кои се школуваат во средното угостителско училиште “Лазар Танев” во Скопје.

На овој начин ќе се остварат целите предвидени со програмата за општествена одговорност на брендот Вегета на Подравка во целиот Адриа регион, но и поединечно, на одделните пазари. Со оваа донација, Подравка во Македонија сака да влијае на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните и токму преку оваа актуелна проектна иницијатива, особено е важно заеднички да им овозможиме современ пристап во образованието на новите генерации готвачи и да им се овозможи веќе на училишна возраст да имаат оптимални услови за школување за да можат понатаму да бидат вистински амбасадори на македонската кујна во светот.

Повеќе детали за донаторската акција откријте на: www.donirame.vegeta.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.