Почетна » Новости » Промо » Вредносни подарок ваучери од dm!

Вредносни подарок ваучери од dm!

Подарок кој никој не би сакал да го замени. Брзо и лесно до совршен празничен подарок!

Новогодишните празници се магични поради новите почетоци, радоста за дочекот на новата година и дружбата со луѓето кои ги сакаме. Ова е вистинско време со мали гестови да им покажеме на нашите најблиски колку сме им благодарни што внесуваат радост во нашиот живот. Но, со пристигнувањето на периодот за дарување, се јавува вечната дилема – како да го пронајдеме идеалниот подарок?

Во дрогериите на dm можете да пронајдете голем избор на подароци и производи соодветни за предновогодишното дарување, како и многу инспирации за подароци кои ќе донесат насмевка на лицата на Вашите најблиски.

Подарок ваучерите од dm претставуваат совршен подарок за секоја пригода, независно дали станува збор за потесниот круг од семејството, пријатели, колеги или соработници. Трите различни вредности и трите различни дизајна пренесуваат искрени желби и честитки подобро од зборови. Тие се едноставен, елегантен и брз начин да дојдете до соодветниот подарок кој нема да остави никого рамнодушен!

dm ваучери

Овој тип подарок е сè попопуларен во светот, пред сè поради практичноста, односно поради можноста сопственикот на подарок ваучерот самостојно да ја посети продавницата, каде може да го искористи и сам да го одбере производот што сака да го има.

Вредносните подарок ваучери од dm, кои се достапни во износ од 350, 500 и 1.000 денари, може да ги пронајдете во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга.

Што всушност претставува dm подарок ваучерот?

Ваучерот, достапен во износ од 350, 500 и 1.000 денари, всушност е картичка што можете да ја купите од која било dm дрогерија.

Личноста која го поседува овој подарок ваучер може да посети која било dm дрогерија и да набави производи во вредност на добиениот подарок ваучер, односно да ги плати со ваучерот, на ист начин како да плаќа во готовина.

Подарок ваучерите од dm се совршен избор и за компании кои сакаат на своите вработени да им ги честитаат новогодишните и божиќните празници со мал, но елегантен и практичен подарок, за има и опција за плаќање на фактура.

Како се користат подарок-ваучерите од dm?

  • Вредноста на ваучерот заменува готовина во истиот износ;
  • Сопственикот на ваучерот може да го искористи за набавка на омилените производи во сите dm дрогерии;
  • Ваучерот се користи во целост, еднократно;
  • Не се врши готовинска исплата или исплата на разликата од вредноста на производите и вредноста на ваучерот;
  • Ако вредноста на производите е поголема од вредноста на ваучерот, може да се доплати;
  • Цената на ваучерот е трајна и не подлежи на акциските промоции;
  • Рокот на важење на ваучерот е траен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.