Почетна » Новости » Актуелно » Цела Австралија се радува: Спасено е 4-годишното девојче кое беше грабнато среде ноќ пред 18 дена

Цела Австралија се радува: Спасено е 4-годишното девојче кое беше грабнато среде ноќ пред 18 дена

Мало девојче, кое пред 18 дена исчезна среде ноќ, беше пронајдено од полицијата живо.

4-годишната Клео Смит била грабната од шатор додека спиела за време на семејно кампување во Западна Австралија. За информации кои би помогнале за нејзиното пронаоѓање била понудена награда од милион австралиски долари.

Клео била пронајдена откако осомничениот 36-годишен маж без деца бил виден како купува пелени.

Објавено е видео снимено непосредно по спасувањето, како и фотографија на која Клео се смее во болница. Во моментов, девојчето е дома, со своето семејство.

Клео Смит

Случајот длабоко ја потресе австралиската јавност, а сега сите се радуваат на позитивните вести за Клео.

Осомничениот е уапсен и во моментот е испрашуван од полицијата.

Клео Смит Клео Смит Клео Смит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11649 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.