Почетна » Новости » Актуелно » Секој од нас поседува супермоќ: 5 прашања кои треба да си ги поставите за да ја откриете и активирате вашата

Секој од нас поседува супермоќ: 5 прашања кои треба да си ги поставите за да ја откриете и активирате вашата

Секој од нас има некаква супер моќ. Не, тоа не е натприродна супермоќ како од филмовите, туку нешто што го правиме подобро од другите и што може да нè издвои од топлата, да нè направи поуспешни или посреќни.

Ако ја откриете вашата супермоќ, лесно можете да ја искористите како ваша предност на патот кон успехот, за да ја добиете посакуваната работна позиција или за да стигнете до среќата.

Супермоќ

Спознајте се подобро себеси и откријте ги вашите таленти и силни страни, одговарајќи на следниве прашања:

1. Што е она што вие го правите со леснотија, а на другите им претставува проблем?

Голем дел од нас не знаат дека поседуваат супермоќ поради тоа што таа им е вродена и ја практикуваат со леснотија, па не ја сметаат за нешто специјално. На пример, можно е да не знаете дека имате супермоќ да ги убедувате луѓето ако не сте биле во ситуација да преговарате. Или може да не знаете дека имате одличен глас ако никогаш досега не сте запеале.

Можете ли да се сетите на успешни моменти кога со леснотија сте ги надминале пречките на вашиот пат или пак кога сте се истакнале пред другите? Која ваша карактеристика ви помогна да ги направите тоа? Во што сте природно добри? Во пишување, во сликање, во готвење, во организирање на времето, мултитаскинг...?

2. Што е она што ве прави различни од другите?

Иако најчесто не треба да се споредувате со другите, во случајов, направете го тоа и откријте што е она што ве прави уникатни. Поразговарајте со луѓето кои најдобро ве познаваат – пријателите и семејството. Спроведете ваше мало истражување за да дознаете што е она што го поседувате само вие и никој друг. Тоа е вашата супермоќ.

3. Со што ги одушевувате луѓето?

Дали постојано добивате комплименти за некоја ваша карактеристика? Дали често ви кажуваат дека сте добри во нешто што го правите? Дали луѓето ги бараат вашите совети за одредени прашања или проекти? Слушнете што ви зборуваат другите и откријте кога ги добивате најголемите пофалби. Можеби правите нешто подобро од другите без да сте свесни дека тоа е ваша супермоќ.

4. Која е вашата страст?

Забележете кои активности ви носат радост и со кои времето ви лета. Веројатно токму тогаш ги користите вашите супермоќи. Страста не е само нешто што ве усреќува, туку и нешто што сте мотивирани да го правите и сакате да го правите. Нешто во коешто уживате, дури и ако тоа изгледа тешко во очите на другите.

На пример, можеби луѓето околу вас мразат математика, но вие обожавате да решавате математички задачи.

5. Кога чувствувате најголема самодоверба и кога сте бестрашни?

Размислете во кои предизвици сте се втурнале без да чувствувате страв, затоа што сте знаеле дека ќе ги надминете без никаков проблем. Кога сте ризикувале, знаејќи дека ќе добиете? Комфорот кој го чувствувате кога сте соочени со некаков предизвик е знак на ваша супермоќ.

Сега, кога веќе ја откривте вашата супермоќ, активирајте ја преку развивање на истата со помош на учење, пракса и дисциплина. Запишете се на курсеви кои ќе ви помогнат да ги истакнете уште повеќе вашите силни страни, поврзете се со ментор кој ќе ве научи да го практикувате наученото или изберете соодветно образование за вас.

ХАЛКБАНК ги повикува сите да ја отклучат својата супермоќ само со една трансакција и ја промовира новата голема наградна игра.

Супермоќ

Во соработка со Mastercard, новата голема наградна игра под забавниот слоган „Активирај супермоќ“ зема замав низ целата држава, и тоа на три различни начини: со трансакции направени со кредитните картички Mastercard, како и трансакции направени преку иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Наградната игра е со времетраење од 4 месеци, до крајот на февруари.

Дополнително, сите корисници што ќе направат трансакција преку HalkPay и GarminPay добиваат трипати повеќе шанси за добивка за некоја од вкупно 60-те награди.

Условите за учество во наградната игра за „активирање супермоќ“ се едноставни: секој корисник што ќе направи трансакција преку кредитните картички MasterCard за физички лица, преку апликацијата HalkPay или, пак, преку GarminPay и што ќе се согласи за учество на линкот, влегува во игра за некоја од наградите:

  • Вкупно 45 ваучери за спортска опрема во износ од 6 000 денари во три месечни извлекувања – на 3 декември, на 12 јануари и на 2 февруари;
  • 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипеди, кои ќе бидат доделени на големото главно извлекување на 9 март.

Право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на ХАЛКБАНК, кои се корисници на кредитните картички Mastercard за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless, Mastercard World Contactless) за направена валидна трансакција, како и валидни трансакции направени преку мобилната апликација HalkPay и преку услугата GarminPay. Сите детали за условите и правилата за учество се наоѓаат на следниот линк.

Со нетрпение ги очекуваме најсреќните суперхерои на ХАЛКБАНК во претстојните 4 месеци!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11391 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.