Почетна » Новости » Актуелно » Португалија им забрани на работодавачите да ги контактираат вработените по работното време

Португалија им забрани на работодавачите да ги контактираат вработените по работното време

Во Португалија отсега е нелегално работодавачите да ги контактираат вработените по завршувањето на нивното работно време.

Според новите измени, компаниите се соочуваат со казни доколку комуницираат со работниците надвор од времето зацртано во нивните договори. Целта е да се врати балансот меѓу личниот и професионалниот живот на граѓаните кој сериозно беше нарушен од пандемијата, кога голем број работници беа принудени да работат од дома.

Португалија

Компаниите исто така треба да помогнат во исплаќањето на дополнителните трошоци предизвикани од работењето од дома, како повисоки сметки за електрична енергија и интернет. Вработените можат да ги запишат овие плаќања како работни трошоци.

Добри вести доаѓаат и за родителите со мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома додека нивните деца да наполнат 8 години.

Кога е во прашање борбата со осаменоста кај работниците, работодавачите се задолжени да имаат работни состаноци „лице в лице“ со вработените најмалку еднаш на два месеци.

Споменатите измени нема да важат за компаниите со помалку од 10 вработени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.