По неодамнешното пристигнување на трите мали принцези – прекрасната женска тројка, деновиве во „Клиника Жан Митрев“ се родија близнаци!
Добредојде за двете новородени машки бебенца!
Тие со своето доаѓање на свет, уште еднаш ни потврдија дека животот е најголемото чудо.
Тимот со својата грижа, посветеност и стручност создава среќни почетоци.
Нека и сите следни денови на новите мали јунаци и нивните семејства им бидат безгрижни“ - порачуваат од Клиниката.
Клиника Жан Митрев – место каде животот започнува со грижа, љубов и сигурност.
		
