Челзи ќе донира дел од бонусот од Светското клупско првенство на семејствата на Диого Жота и Андре Силва, кои минатиот месец загинаа во сообраќајна несреќа.
Клубот објави дека дел од бонусот од 11 милиони фунти, кој го заработи со освојувањето на Светското клупско првенство, ќе заврши во рацете на семејствата на покојните португалски фудбалери. За овој хуман гест, фудбалскиот гигант доби бројни пофалби од фановите и поддржувачите.


Диого, кој играше за ФК Ливерпул, почина во сообраќајна несреќа во Шпанија само две недели по неговата свадба со саканата Руте. Тие заедно имаат три мали дечиња.


Заедно со Жота во автомобилот беше и брат му Андре, кој исто така беше професионален фудбалер.

Челзи ја освои титулата на Светското првенство на ФИФА, победувајќи го клубот ПСЖ во финалето во Њу Џерси. Наградата за првото место изнесува 114,6 милиони долари.
