Борче Стаменов стана татко.
Хуманиот кавадарчанец, познат по хуманоста и акцијата „Донирај компјутер“, сподели дека утрово му се роди ќерка, која го доби името Каја.





Борче и неговата сопруга Оле објавија дека ќе станат родители на 28 јули оваа година. Тие стапија во брак во мај.



Пред 22 години Стаменов имаше операција поради тумор на мозокот. Инспиративниот Македонец, кој досега има донирано над 3.000 компјутери на граѓани во социјален ризик, отворено ја има раскажано својата приказна на својот блог.
Борче ја доби наградата „Мајка Тереза“ за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
