Почетна » Новости » Актуелно » 601 новозаразен и 13 починати од коронавирус

601 новозаразен и 13 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.501 тестирања, а има 601 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 217
  • Битола – 68
  • Велес – 34
  • Кавадарци и Куманово – по 31
  • Прилеп и Штип – по 28
  • Крива Паланка – 18
  • Кочани и Тетово – по 17
  • Гевгелија – 16
  • Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10
  • Берово – 9
  • Неготино – 8
  • Македонска Каменица и Ресен – по 5
  • Богданци, Виница и Гостивар – по 4
  • Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3
  • Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2
  • Македонски Брод и Струга – по 1
коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: по 2 од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г) и по едно од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 304 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 141
  • Куманово – 26
  • Велес – 16
  • Прилеп и Кавадарци – по 15
  • Битола и Штип – по 14
  • Охрид – 10
  • Тетово и Кочани – по 7
  • Пробиштип – 6
  • Свети Николе – 5
  • Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4
  • Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2
  • Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.