Почетна » Новости » Актуелно » 524 новозаразени и 17 регистрирани смртни случаи од коронавирус

524 новозаразени и 17 регистрирани смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.126 тестирања, а има 524 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 215
  • Битола – 44
  • Кавадарци – 27
  • Куманово и Крива Паланка – по 24
  • Прилеп, Велес и Кочани – по 21
  • Берово – 15
  • Делчево – 14
  • Тетово – 13
  • Гевгелија – 10
  • Неготино – 9
  • Кратово – 8
  • Штип и Демир Хисар – по 6
  • Охрид, Радовиш, Виница и Валандово – по 5
  • Кичево, Ресен и Богданци – по 4
  • Гостивар и Струга – по 3
  • Струмица и Пехчево – по 2
  • Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран - по 1
коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 од Скопје (71г, и 77г) и по едно од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Тие се од Скопје (2), Велес(2), Гевгелија (1), Крива Паланка(1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 се починати во домашни услови, а 3 се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 565 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 245
  • Прилеп – 43
  • Битола – 34
  • Куманово – 32
  • Кавадараци – 28
  • Тетово – 26
  • Штип – 22
  • Велес – 19
  • Гевгелија – 16
  • Кочани – 15
  • Крива Паланка – 11
  • Струмица – 8
  • Гостивар и Пробиштип – по 7
  • Охрид, Кичево и Ресен – по 6
  • Дојран – 5
  • Берово, Делчево и Виница - по 4
  • Неготино, Струга и Свети Николе – по 3
  • Кратово и Радовиш – по 2
  • Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод - по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.