Почетна » Новости » Актуелно » 51 новозаразен, 84 оздравени и 16 починати од коронавирус

51 новозаразен, 84 оздравени и 16 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.060 тестирања, а има 51 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 28
  • Тетово – 5
  • Битола и Виница по 3
  • Прилеп, Кочани и Кичево по 2
  • Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица по 1
податоци

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г, 67г, 70г, 73г, 77г, 84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).

Регистрирани се 84 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 46
  • Куманово – 7
  • Битола – 5
  • Прилеп, Гостивар и Делчево по 3
  • Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево по 2
  • Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.