Почетна » Новости » Актуелно » 473 новозаразени и 18 починати од коронавирус

473 новозаразени и 18 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.708 тестирања, а има 473 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 246
  • Битола – 41
  • Кавадарци – 23
  • Охрид – 22
  • Куманово – 21
  • Прилеп – 18
  • Кочани – 13
  • Велес – 11
  • Струмица и Гевгелија – по 9
  • Валандово – 7
  • Берово – 6
  • Штип – 5
  • Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4
  • Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3
  • Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2
  • Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1
коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 230
  • Битола – 50
  • Кавадарци – 32
  • Кочани – 18
  • Гевгелија – 17
  • Прилеп, Велес и Тетово – по 16
  • Крива Паланка – 14
  • Куманово – 12
  • Берово – 11
  • Неготино – 10
  • Штип и Кратово – по 7
  • Охрид и Радовиш – по 6
  • Кичево, Богданци и Виница – по 5
  • Струмица, Валандово и Гостивар – по 4
  • Ресен – 3
  • Пробиштип – 2
  • Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.