Почетна » Новости » Актуелно » 465 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

465 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.707 тестирања, а има 465 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 341
  • Кавадарци – 21
  • Струмица – 19
  • Штип – 15
  • Куманово – 13
  • Охрид – 11
  • Прилеп – 6
  • Гостивар – 5
  • Велес, Струга и Гевгелија по – 4
  • Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3
  • Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по - 1

Од вкупниот број на позитивни (465), регистрирани се 92 реинфекции.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и 88г) и Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 1.181
  • Кавадарци – 81
  • Куманово – 68
  • Битола – 63
  • Струмица – 56
  • Велес – 55
  • Гевгелија – 39
  • Прилеп и Охрид по – 30
  • Гостивар и Валандово по – 29
  • Кичево – 20
  • Тетово, Неготино и Радовиш по – 19
  • Штип и Струга по -18
  • Крива Паланка – 16
  • Кочани и Свети Николе по – 12
  • Богданци – 11
  • Македонски Брод – 10
  • Ресен – 8
  • Делчево и Кратово по – 7
  • Берово – 5
  • Пехчево – 4
  • Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по – 3
  • Демир Хисар – 2

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.