Почетна » Новости » Актуелно » 353 новозаразени и 14 починати од коронавирус

353 новозаразени и 14 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.162 тестирања, а има 353 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 174
  • Прилеп – 42
  • Битола – 27
  • Кавадарци – 22
  • Куманово и Велес – по 13
  • Валандово – 9
  • Охрид – 8
  • Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6
  • Тетово – 5
  • Кочани – 4
  • Свети Николе и Радовиш – по 3
  • Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2
  • Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 3 од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1) иа се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 235
  • Битола – 39
  • Прилеп и Куманово – по 26
  • Охрид – 20
  • Кавадарци – 15
  • Струмица – 13
  • Кочани – 11
  • Велес, Берово и Демир Хисар - по 7
  • Радовиш и Штип – по 6
  • Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4
  • Тетово – 3
  • Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2
  • Валандово, Неготино и Пехчево – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.