Почетна » Новости » Актуелно » 21 новозаболен и 17 оздравени, нема смртен случај од коронавирус кај нас

21 новозаболен и 17 оздравени, нема смртен случај од коронавирус кај нас

Според најновото соопштение на Министерството за здравство, денес Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД -19. По градови, новите заболени се од: Скопје (12), Куманово (3), Штип (1) и Тетово (5).

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на КОВИД-19.

коронавирус

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.