Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Како да изградите цврст љубовен сојуз?

Како да изградите цврст љубовен сојуз?

Не е доволно рутински да повторувате „Те сакам“ за да одржувате нераскинлива врска. Неуништливите љубовни сојузи бараат многу за да бидат изградени, а уште повеќе за да ја зачуваат хармонијата, романтиката, довербата, интимноста и поврзаноста меѓу двете страни.

Но, тие не се невозможна мисија и недостижен романтичен сон. Еве на што треба да обрнете внимание за да не дозволите пукнатини во врската:

Заљубен пар
  • Сакајте се како деца, однесувајте се како возрасни. Сакајте се слободно, наивно, без граници, дозволете му на детето во вас да се буди секогаш кога сте заедно. Не создавајте тврдина околу вашето срце. Но, однесувајте се одговорно кога треба да донесете сериозна одлука.
  • Најубавото од пријателството пренесете го во врската. Помислете што ги прави најдобрите пријатели незаменливи. Дали е тоа безрезервната доверба, можноста да бидете ранливи пред нив, или пак, увереноста дека врската меѓу вас може да ги издржи и најсилните бури? Пренесете ги прекрасните „подароци“ на пријателството во љубовниот сојуз. Запомнете, вистинските пријатели се почитуваат токму такви какви што се и не се обидуваат да се променат едни со други.
  • Запознајте го неговиот свет, но покажете му го и вашиот. Да ја познавате животната мапа на саканиот, но и тој вашата, е голем чекор кон посилна врска. Секој очекува различни нешта од љубовта, љуби на свој начин, копнее да си ги оствари своите љубовни соништа. Дознајте што му е најважно на партнерот, ѕирнете во неговото детство, дознајте ги неговите фантазии, бидете свесни за предизвиците со кои тој се соочува и славете ги неговите победи. Но, дозволете му да ја види и другата, вашата страна од паричката. Овозможете му да фрли поглед во вашиот живот, во спомените, желбите и копнежите кои ги носите. Отворете го вашиот свет пред него.
  • Балансирајте меѓу зависноста и независноста. Сите сме зависни од саканиот до одреден степен. Мала доза зависност е како зачин за врската, но целосната зависност значи губење на идентитетот и е покана за разочарување и несреќа. Кажувајте му на партнерот колку ви е потребен, но не го гушете. Бидете доволно блиски за да ја одржувате интимноста, но доволно далечни за да имате сопствен идентитет и понекогаш да си недостигате.
  • Резервирајте време „само за нас“. Звучи лесно, нели? Но, не е. Тука не спаѓа времето додека гледате филм заедно. Тука треба да се вбројуваат само моментите кога очите ќе ви бидат насочени еден кон друг, кога ќе бидете дистанцирани од секојдневните „крадци“ на вниманието и ќе мислите единствено на вас и на тоа како да си угодувате. Современиот живот ги убива ваквите моменти, но вие треба да најдете начин да ги обновите.
  • Ценете ја индивидуалноста. Гледајте на врската како на тим составен од две уникатни индивидуи со различни ставови, кои имаат свои слабости и силни страни и се надополнуваат една со друга. Индивидуалноста и различноста се важни за успехот на тимот.
  • Сечете го коренот на проблемот пред тој да порасне. Не дозволувајте нетрпеливоста да се трупа меѓу вас. Соочувајте се со проблемите пред тие да пуштат длабоки корења, кои ќе остават празнини дури и ако успеете да ги искорените.
  • Кажувајте си пет позитивни коментари за да избришете еден негативен. Колку и да внимавате, понекогаш зборовите излетуваат без контрола. Направивте вербална грешка? Поправете ја со барем пет комплименти, охрабрувачки коментари и пофални зборови.
  • Одржувајте ги искрите во спалната преку експериментирањето и спонтаноста. Лесно е да ја запалите сексуалната искра на почетокот од врската, но да го одржувате огнот запален е предизвик. Бидете спонтани и не се плашете од експериментирање во сексот. Физичката љубов е незаменливо парче од сложувалката наречена силна врска.
  • Не барајте совршенство кога и самите знаете дека тоа не постои. Љубовта не се раѓа кога ќе ја пронајдеме совршената личност, туку кога ќе научиме да ја гледаме несовршената личност како совршена.
  • Насмевката е крива линија која може сè да исправи, па почесто користете ја. Тргнете го киселиот израз од лицето и започнете почесто да се смеете. Можеби насмевката не може да го промени целиот свет, но таа има моќ да го промени вашиот.
  • Не заборавајте дека партнерот не е виновен за вашиот лош ден. Секојдневните настани ни ја зголемуваат нетрпеливоста, па често вентилот го насочуваме кон саканите. Обидете се да не го префрлувате гневот врз партнерот. Тоа е отров за секоја врска.
  • Секојдневно потсетувајте се дека силните врски се како планини – тешки за искачување, но кога еднаш ќе го достигнете врвот, нудат незаменливо чувство и прекрасна глетка која го разубавува животот како ништо друго.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.