Почетна » Љубов и секс » Секс » Најчестите сексуални фантазии на мажите

Најчестите сексуални фантазии на мажите

Сексуалните фантазии ги рефлектираат скриените желби и побуди. Тие се место за „бегство“ од сексуалните ограничувања во реалниот живот. Во фантазиите сè е дозволено. Ги нема обвинувачките погледи на најблиските, законските ограничувања и моралните норми, кои во реалноста наметнуваат дека одредени сексуални нагони се забранети, а некои од нив дури и нелегални.

Сите луѓе имаат сексуални фантазии, но додека женските фантазии се поромантични и почесто се фокусираат на чувствата и деталите, машките фантазии се поексплицитни и на некој начин поповршни. Иако можеби не признаваат, мажите редовно си создаваат еротски филмови во главата, а нивните фантазии варираат од романтична ноќ со својата партнерка, до агресивен секс со строгата непозната „учителка“ или со палавата „медицинска сестра“, или пак, со двете истовремено...

Машки сексуални фантазии

Машкиот мозок е неисцрпен извор на најразлични фантазии, но постојат неколку теми коишто доминираат.

Тројка: тој + две жени

Тројката не залудно се нарекува „фантазијата на секој маж“. Вистинска реткост е да сретнете хетеросексуален маж кој никогаш не помислил колку е возбудливо да се биде во друштво на две убави жени. Еден маж, многу сексуални желби и две секси девојки целосно подготвени да ги остварат сите нив – рецепт за најчестата возбудлива машка фантазија.

Секси секретарка/палава ученичка/кокетна медицинска сестра...

Палавата ученичка облечена во прекратка сукња, врзана раскопчана кошула и високи чорапи; строгата учителка која бара од него да ги исполнува сите нејзини барања; медицинската сестра под чиј мантил се гледа само секси долна облека; лошата полицајка која агресивно му ги става лисиците; секретарката со секси очила и тесна припиена сукња – ако не сите, барем една од овие фантазии задолжително поминала низ мозокот на секој претставник на посилниот пол. Како што ние жените се возбудуваме на мажи во униформа, така и мажите ги обожаваат ваквите „игри“ полни со еротизам.

Влегувањето во секси улога е сон на секој маж. Така им се исполнува желбата да имаат секс со „друга“ жена, а освен тоа, мажите обожаваат да бидат со жена која сака да експериментира.

Женска доминација

Можеби ќе се изненадите, но машките фантазии се исполнети и со доминантни жени кои покоруваат, наредуваат и прават сè што ќе посакаат, т.е. го диктираат темпото на „игра“. „Господарката“ најчесто е самоуверена, облечена во секси облека и постојано издава наредби кои фантазерот послушно ги исполнува.

Воајеризам

Мажите се визуелни суштества, сакаат да гледаат. Фантазиите во кои тие набљудуваат сексуален акт можат да варираат од најбезбедното (секс со партнерката пред огледало) до ризичното (набљудување на непознат пар кој води љубов). Чести се и фантазиите во кои мажот тајно ја набљудува својата партнерка додека таа мастурбира.

Воајерските сцени се чести во порно филмовите кои мажите ги гледаат, но во реалниот живот тие ги прекршуваат моралните норми. Неможноста истите да се задоволат, предизвикува чести воајерски фантазии. Изненадувачки, мажите не сакаат само да набљудуваат, туку сакаат и да бидат набљудувани.

„Забранетото овошје“

Мажите тајно го посакуваат она што не можат да го имаат, во случајот жената која им е „забранета“. „Забранетото овошје“ може да биде вашата најдобра пријателка, вашата сестра, девојката на неговиот пријател, сопругата на неговиот шеф... Таа е недостижна во реалноста, но не и во нивните фантазии.

„Лолита“ искуство/повозрасна заводничка

Разликата во годините на сексуалните партнери раѓа две машки фантазии – секс со помлада и секс со повозрасна партнерка. Која од овие фантазии ќе доминира, најчесто зависи од возраста на мажот. Имено, тинејџерите и младите мажи обично копнеат за секс со повозрасна, поискусна заводничка која ќе ги научи на понекој трик, додека повозрасните мажи фантазираат за секс со помлада девојка, а неретко и со палава девојка која е на границата на полнолетство.

Непозната мистериозна убавица

Појавата на мистериозна сексапилна жена која е подготвена веднаш да ги задоволи сите нивни сексуални желби е една од најпримамливите фантазии на мажите, можеби затоа што и е реално остварлива. Фантазијата за секс богиња, која се појавува еднаш, но се памети засекогаш, им дава можност на мажите да се прикажат во друго светло, затоа што таа не знае апсолутно ништо за нив.

Стриптиз

Стриптизот не само што е реална машка желба, туку е и интересен дел од светот на машките сексуалните фантазии. Можеби ќе се изненадите, но најчесто „стриптизерката“ која го возбудува вашиот партнер со бавни еротски движења и секси долна облека не е никоја друга, туку вие.

Иако стриптизот не спаѓа во категоријата табу, голем дел од жените се премногу срамежливи за да му го подарат тоа задоволство на својот партнер. Други пак, сè уште го сметаат стриптизот за неморален. А, сè што е во исто време и неморално и возбудливо, пронаоѓа место во фантазиите.

Секс на јавно место

Секс на плажа, во автомобил, во темен парк... За секс на јавно место фантазира секој маж. Оваа фантазија е привлечна поради тоа што сексот на јавно место не само што е ризичен, туку е и забранет. Па, така станува предизвик за сите мажи. Стравот дека можат да бидат „фатени на дело“ го зголемува лачењето на адреналин и предизвикува дополнителна возбуда.

Новитет со партнерката

Мажите често фантазираат за својата партнерка, но во нивните фантазии таа е послободна отколку во реалноста и не го скротува својот авантуристички дух. Експериментирањето е нејзина омилена активност, па таа не поставува рестрикции на аналниот секс, не го избегнува оралниот секс, а понекогаш ја кани в кревет и својата пријателка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.