Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 10 реченици кои тој НЕ САКА да ги слушне од вас

10 реченици кои тој НЕ САКА да ги слушне од вас

Понекогаш шегите, забелешките и барањата кои вие спонтано му ги кажувате на партнерот и кои сметате дека се невини и не штетат никому, можат да бидат непријатни и да го иритираат.

Еве неколку реченици од кои на мажите им се крева косата нагоре:

„Бремена сум... Хихихи, лажам“

Навистина е интересно да ја видите неговата шокирана фаца и моментот кога долната вилица ќе му падне на земја, но оваа лоша шега е доста непријатна (не мора да споменуваме колку е невкусна ако всушност се обидувате да имате бебе). Може и да ви се случи приказната со волкот и овчарот, односно еден ден навистина да сте бремена и кога ќе му соопштите, тој да ви се изнасмее или да ви ги преврти очите. Сигурно тоа не е реакцијата која ја посакувате. Освен тоа, ако не е подготвен да стане татко, наредниот пат кога ќе сте интимни, не очекувајте да биде целосно релаксиран. Краткотрајниот шок „Бремена сум“ може да остане да му одѕвонува в уши и тој да стане претерано внимателен.

Жена и мажДоволно е едно „Бремена сум“ за да го шокирате

„Ти реков јас, но ти не сакаше да ме послушаш...“ (пауза од 5 минути) „Ти реков јас...“

Да, да, вие повторно сте во право, а тој погрешил. Доволно ќе го изнервирате уште со првото „Ти реков“, а кога ќе продолжите со „Убаво ти велев јас, но ти не сакаше да слушаш“, му се качувате на глава. Нормално, ние жените имаме подобра интуиција и подобро можеме да ги предвидиме работите уште пред да се случат (понекогаш и среќно), но во таквите моменти тој е доволно нервозен што погрешил и не му треба константен потсетник за тоа. „Ти реков дека тој се дружи со тебе само од корист“, „Ти реков дека требаше да си ги купиш другите патики, сега немаше да ти се скинат“, „Ти реков јас дека требаше да одиме во другиот ресторан“, „Ти велев дека таа е затрескана во тебе“... Познато ви е?

„Ништо не ми е“ (додека ги држите рацете прекрстени и ги превртувате очите)

Изразот на вашето лице кажува дека нешто не е во ред, а молчењето уште повеќе го потврдува тоа. Токму затоа, вашиот партнер ќе посака да избега од својата кожа кога ќе му речете: „Ништо не ми е“. Тој знае дека има нешто, па започнете веднаш да го решавате проблемот наместо да чекате да помине едночасовното молчење.

„Сонце, оди до продавница и купи ми тампони... од оние малите“

Повеќето мажи никогаш не би отишле до продавница во ваков случај, некои поради срамот, а некои поради тоа што не сакаат да изгледаат какопапучари“. Оние пак што ќе соберат храброст да одат, ќе се почувствуваат непријатно кога ќе треба да поминат неколку минути читајќи по пакувањата за да ги пронајдат малите тампони или пак кога ќе бидат принудени да побараат помош од вработените во супермаркетот. Поштедете го од срамот и не упатувајте вакви деликатни барања до него.

„Однесувај се како маж“ или „Биди маж“

Ништо не ги нервира мажите толку многу како ситуациите во кои нивната машкост ќе биде доведена во прашање. Тоа е исто како да му кажете на лавот дека е мало маче.

„Треба сериозно да разговараме“

Кога тој ќе го слушне ова, во неговата глава веднаш започнуваат да се вртат прашања како „Што направив сега?“, „Сака да раскинеме?“... Никој не очекува ништо добро по изговарањето на таа реченица. Па, што и да сакате да му кажете, прескокнете ја и преминете на главното, без најави од кои ќе му полазат трпки по грбот.

„И бившиот...“

Без разлика дали ќе ја довршите реченицата со нешто позитивно („И бившиот секогаш ми купуваше бели рози“, „И бившиот секогаш ми ја отвораше вратата, а никој друг нема навика да го прави тоа“) или нешто негативно („И бившиот беше многу љубоморен“), на вашиот партнер ќе му се крене косата кога ќе слушне дека наликува на вашиот поранешен. Во одредени случаи тој може и да си помисли дека сè уште не сте го преболеле бившиот. Размислете, како би ви било вам тој да ве споредува со неговата поранешна девојка?

„Мајка ти претера, нека не си го пика носот каде што не треба“

Мајка му е првата важна жена во неговиот живот, па воопшто нема да му биде пријатно да слушне дека имате негативни чувства кон неа. А ако мајка му навистина претерала, најверојатно и тој е свесен за тоа, само решава да го игнорира за да не го подгрева огнот.

„Навистина мислиш да доаѓаш така облечен?“

Повеќето мажи мислат дека во секоја прилика можат да поминат со фармерки и првата чиста маица која ќе им дојде до рака. Тие не размислуваат три дена однапред што да носат кога ќе излезат и немаат предвреме стокмени комбинации за секоја прилика. Наместо да му ги кревате нервите со „Така облечен ќе излегуваш?“, директно кажете му што да облече. Ќе биде побезболно и за вас и за него.

„Според тебе, Кристина убава е?“

Со ова прашање вие ќе му предизвикате голема главоболка затоа што тоа е едно од оние прашања кои немаат правилен одговор. Ако одговори негативно, најверојатно ќе го обвините дека лаже (штом сте решиле да го прашате, значи не се работи за било која) и ќе започнете да го убедувате дека не ви смета да каже дека е убава. А ако ве убеди дека навистина не ја смета за убава, може да започнете да го критикувате неговиот вкус за жени. Ако пак одговори потврдно, тој знае дека постои можност да се вознемирите и да станете љубоморни или да продолжите да го прашувате „Што ти се допаѓа кај неа?“, „Која е поубава, јас или таа?“... Мажите знаат дека ваквите прашања ги ставаат во лавиринт од кој нема безбеден излез, па затоа и ги мразат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.