20 причини зошто да бидете среќни поради статусот сингл
Почетна » Љубов и секс » Сингл » 20 причини зошто да бидете среќни поради статусот сингл

20 причини зошто да бидете среќни поради статусот сингл

Не се сите сингл девојки во константна очајна потрага по принцот на бел коњ. Некои навистина се задоволни со својот љубовен статус и уживаат негувајќи ја сопствената среќа. Тие не се откажуваат од мажите и љубовта, но знаат дека НЕ треба да го стават животот на пауза додека еден ден не пристигне Вистинскиот.

Среќна сингл девојка

Ви треба потсетување зошто е убаво да сте слободни како птица и зошто треба да се радувате што токму денес некој не ви украл бројни бакнежи? Еве кратка листа на добрите страни на статусот сингл:

  1. Флертувате без чувство на вина. Можете да одговорите на флертот на шармантниот тип кој ви краде погледи, без да чувствувате грижа на совеста. Статусот сингл ви дава право на неограничена доза забавен и необврзувачки флерт.
  2. Вие и само вие решавате дали деколтето е предлабоко, а здолништето прекратко. Вашиот сексапилен изглед не е причина за расправија, туку за многу комплименти од тајни, стари и/или нови обожаватели. Кога не сте во врска, имате слобода да бидете секси, шармантни и заводливи, без да се плашите дали некој е засегнат.
  3. Убедени сте дека подобро е да сте сами отколку со погрешна личност. Проблематичната врска само би ја бришела насмевката од вашето лице и би придонела да се чувствувате поосамено отколку кога сте сами.
  4. Можете да го прескокнете депилирањето и сепак да се чувствувате одлично. Во зимските денови бричењето и депилирањето се опција од која можете слободно да се откажете, без подоцна нечии раце да ве натераат да се каете.
  5. Не паничите за секое доцнење на менструацијата. Ви доцни три дена? Па што? Не мора веднаш испаничени да трчате до аптека за да купите тест за бременост.
  6. Не мора да глумите оргазам само за да зголемите нечија самодоверба. Не е тајна дека многу жени глумат оргазам за да го усреќат партнерот. Кога сте сингл, единствената среќа на која треба да мислите е сопствената.
  7. Можете да бидете нерасположени и тивки без лажно да ве обвинуваат дека сте во ПМС. Ако не ви се зборува, едноставно можете да молчите без да давате непотребни објаснувања. Тишината понекогаш е прекрасна, нели?
  8. Нема кој да ви превртува очи додека озборувате со пријателките. Сте слушнале нов сочен трач? Можете да го споделите со пријателките без да очекувате негативна реакција од десната страна.
  9. Излегувањето со машко друштво не е повод за кавги. Можете да излегувате кога сакате со машкиот дел од вашето друштво, без да станете мета на обвинувачки погледи и неумесни коментари. Слободно истражувајте ги размислувањата на мажите преку кафе-муабети. На крајот на краиштата, тоа ќе ви помогне да го направите најдобриот избор на партнер кога ќе одлучите да се разделите со статусот сингл.
  10. Можете да излегувате, да се забавувате, да танцувате без постојано да гледате во часовникот. Сакате да се забавувате до 5:00 наутро со весело друштво? Слободно. Кога сте сингл нема прашања како „Каде беше?“, „Со кого?“ или „Кога се врати дома?“. Имате дозвола себично да мислите само на себе и на тоа како да си го зголемите бројот на насмевки.
  11. Вие сте со личноста која може да ве направи најсреќни. Чекањето некој друг да ви го направи животот позабавен и да ве развесели е клучот кон тагата и разочарувањето. Кога се сакате себеси и уживате во она што сте, бидете убедени дека сте на вистинскиот пат кон среќата.
  12. Не сте сведок на љубоморни испади кои наводно вие сте ги предизвикале. Нема да се залажуваме и да кажеме дека повремените љубоморни сцени не ни годат. Но, љубомората знае сериозно да ги наруши односите и да го убие расположението. Кога сте сингл, не мора да внимавате на сè што правите со цел да не разбудите нечија љубомора.
  13. Нема кој да ве задржи дома кога вашиот ентузијазам за забава е на највисоко ниво. Не морате да го минете викендот во домашна атмосфера гледајќи го најновиот филмски хит, кога горите од желба да бидете во забавно друштво, и тоа само затоа што некој не е расположен за дружење.
  14. Можете да го славите Св. Труфун, без тајно да купувате подарок за Св. Валентин. Повеќето парови велат дека го мразат празникот на вљубените, но не си дозволуваат да останат без подарок за саканиот/саканата. Кога сте сингл, сте ослободени од притисокот да го пронајдете најубавото црвено срце и можете да се фокусирате на пронаоѓањето на најнеодоливото црвено вино.
  15. Не сте принудени да правите компромиси. Не морате да ја славите Нова Година со туѓо друштво само затоа што претходната сте ја славеле во вашето. Не треба да ја пропуштите лудата женска вечер бидејќи задолжително мора да се појавите на роденденот на нечиј најдобар другар. Кога сте сами, принудени сте да правите компромис само и единствено со себе.
  16. Целосно сте ослободени од стравот од неверство и скршено срце. Не трошите ниту една секунда од животот прашувајќи се дали некој ќе падне во искушение да проба од „забранетото овошје“.
  17. Полесно ќе ги „преживеете“ трите вишок килограми. Никој нема да ве гледа во долна облека, па трите нови килограми нема да ви ги преокупираат мислите. Освен тоа, ќе имате повеќе слободно време што побрзо да ги стопите.
  18. Не мора да трошите енергија и време за да промените нечии лоши навики. Имате можност целата енергија да ја насочите кон себе, кон своја лична промена, кон тоа да станете подобра личност.
  19. Слободни сте да ги раширите крилјата и да уживате во спонтаноста. Кога сте во врска, спонтаноста придобива ново значење. Кога сте сингл, ја доживувате спонтаноста во вистинската смисла на зборот.
  20. Да бидете среќни со статус сингл значи дека сте силна самостојна личност. Тоа што сте среќни и кога не сте во врска, покажува дека знаете да уживате во сопствениот живот и дека вашата среќа не зависи од друг.

Сигурно нешто пропуштивме... Како би ја дополниле листата?

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9685 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.