Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни трендови за 2012 кои ќе застанат во одбрана на вашето здравје

Модни трендови за 2012 кои ќе застанат во одбрана на вашето здравје

„Трпи бабо за убавина“. Веројатно многупати сте ја слушнале оваа изрека, а уште поголема е веројатноста дека на потешкиот начин сте дознале што точно значи. Екстремно високи потпетици од кои болат нозе, претесна облека во која тешко се дише, премногу шминка која „тежи“ на лицето...

Ние жените сме навикнати често да си го скратуваме комфорот само и само за да изгледаме убаво и да бидеме во тренд. Таквото трпење за убавина неретко му штети на здравјето.

За среќа, новата година носи и нови трендови кои ќе застанат на наша страна, т.е. во одбрана на нашето здравје и удобноста. Еве кои се тие:

Мини чантички

Мини чантички

Веќе две сезони големите чанти пропуштија да си обезбедат место на листата на актуелни трендови. Во малите чанти можеби имаме помалку простор за личните нешта, но затоа пак тие ни помагаат да одржуваме правилна положба на телото и помалку да ги натоваруваме рамената и ‘рбетот. Дизајнерите и угледните стилисти за модните едиторијали најавуваат уште една сезона исполнета со мини чантички, па навистина вреди да го испочитувате овој тренд.

Широка облека

Широка облека

Пред нас е спортска сезона. Како никогаш досега комотната широка облека ќе стане популарна и посакувана. Заборавете ги фармерките тип „цевка“ кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми поради тоа што се премногу тесни и гинеколошки проблеми (инфекции, обилен вагинален исцедок, чешање) затоа што не им даваат доволно простор на гениталиите слободно да дишат.

Широките панталони и фустаните и сукњите од лесни развеани материјали ќе го преземат местото на тесните панталони. „Пижама“ трендот ќе им даде можност на широките удобни парчиња облека да ги освојат срцата на жените. Долгите џемперчиња исто така ќе се вратат меѓу трендовите, па ќе можете да го прескокнете носењето на танга гаќички и ќе ги замените со помеки памучни варијанти, со што ќе ги елиминирате здравствените ризици за појава на бактериски и габични инфекции.

Ниски обувки/балетанки

Ниски обувки/ балетанки

Не можеме да кажеме дека ултра високите потпетици не се модерни, но со сигурност може да тврдиме дека се штетни за здравјето. Честото носење на обувки со висока платформа или штикла може да доведе до деформитети на стапалата, истегнување на лигаментите, болки во зглобовите и мускулите, па дури и болки во грбот.

Ниските обувки станаа толку многу популарни што се протнаа во секој женски плакар. Разновидните модели кои се нудат им даваат на жените мноштво опции за комбинирање, така што балетанките денес не се само лежерни обувки, туку и елегантна замена за обувки со штикла.

Пролетта ќе ни донесе нов тренди бран балетанки и ниски сандали кој е поддржан од врвни дизајнери и стилисти. Одморете ги вашите стапала и качувајте се на високи потпетици само за специјални пригоди.

Капи со стреа

Капи со стреа

Претстојната спортска сезона ги враќа на модната сцена спортските капи со стреа. Откако ќе завршат зимските денови, ваквите капи ќе ви бидат како добредојдени за да се заштитите од силното сонце.

Стреата ќе ја минимизира изложеноста на кожата на сончевите зраци, а со тоа ќе ве заштити од предвремено стареење, појава на пеги и сл. Капите донекаде можат да ги заштитат и вашите очи од УВ зраците.

Кадрава/брановидна коса

Кадрава/ брановидна коса

Ставете ја пресата за коса на понедостапно место. Модерни ќе бидат немарните природни фризури за кои не е неопходно да ја горите косата со пресилни фенови и преси или пак да го уништувате квалитетот на влакното со гелови, пени или лакови за коса. Интензивното стилизирање води до оштетување на косата кое резултира со губење на сјајот, „цветање“ на врвовите, па дури и опаѓање на косата.

Пуштете ги слободно вашите локни, независно дали се крупни, ситни или неидеално оформени. Соберете ја косата во клопче или сплетете набрзина несовршена плетенка и веднаш ќе добиете модерен изглед.

„Голи“ нокти

„Голи“ нокти

Разнобојните впечатливи нокти и надградбите со гел и акрил не само што ги пожолтуваат и уништуваат вашите нокти, туку и содржат супстанции кои можат да ги иритираат и кожата и очите.

Убавата вест е што пролетта ни носи поприроден тренд – „голи“ или нокти во боја на кожата. На модните недели манекенките му дадоа полет на овој тренд кој е едноставен за следење, а има и бенефиции за вашите нокти.

Минималистичка шминка

Минималистичка шминка

Новата 2012 е година на контрадикторни трендови. Па така, покрај огненоцрвените усни и темните зачадени очи, актуелна ќе остане и минималистичката шминка.

Никој не може точно да ни каже колку хемикалии примаме преку кожата поради козметиката и колку и какви супстанции голтаме поради кармините, па токму поради тоа логично е да почувствуваме олеснување кога шминката ќе ја сведеме до минимум.

Дозволете ѝ на вашата кожа да дише и оставете вашата природна убавина да дојде до израз користејќи само малку коректор и пудра за коригирање на несовршеностите, малку маскара за разубавување на очите и безбоен сјај за истакнување на усните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.