Процесирање нов тип на плаќања - Western Union безготовински трансакции во денари
Почетна » Новости » Промо » Процесирање нов тип на плаќања - Western Union безготовински трансакции во денари

Процесирање нов тип на плаќања - Western Union безготовински трансакции во денари

Шпаркасе Банка го почна проектот за процесирање безготовински Western Union трансакции во денари преку Erste Group Bank AG.

За првпат на домашниот пазар, Western Union преку својата електронска платформа им овозможува на клиентите реализација на прекугранични безготовински и електронски трансфери на средства во домашна валута (денари).

Шпаркасе Банка

За овој вид трансфери се користат услугите на Erste Group Payment Function (Erste GPF) како payment hub, во кој се насочуваат плаќањата од платформата на Western Union кон Шпаркасе Банка. Потоа, откако ќе се утврди дали крајниот корисник е клиент на Шпаркасе Банка или, пак, е клиент на друга македонска банка, се постапува во согласност со правилата за спроведување брз трансфер на пари.

За клиентите на Шпаркасе Банка процедурата e идентична како за другите трансакции по налог на нерезидент во корист на резидент во денари. Со оглед на тоа дека трансакцијата се одвива помеѓу две физички лица, банката може да спроведе постапка на директна наплата и може да ги одобри директно на тековната сметка на корисникот на наплатата, без претходна писмена информација добиена од корисникот – физичко лице, доколку во известувањето за пристигнатата наплата добиена од странската банка е наведено дека станува збор за личен трансфер на средства.

Овие трансакции ќе се реализираат без провизија за крајниот корисник – примач.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8925 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.