Со доаѓањето на летото, производите за нега на лице, тело и коса се менуваат во малку полесни текстури и мириси. Некои луѓе сакаат лесни, воздушести, цветни мириси, додека други сакаат тропски мириси, траги од кокос и ги бараат оние стари мириси на првите креми за сончање што ни се врежани во сеќавањата. Откривме токму таква мирислива колекција и бевме целосно воодушевени!

Мирисливо чудо
Прво, бевме воодушевени од посебниот мирис што нè потсетува на летните вечери, прошетка по песочната плажа, исончан тен и зајдисонце. Но, вистинското задоволство дојде после неколку дена користење на производите од колекцијата и брзо ни стана јасно зошто сите зборуваат за Monoi маслата! Тие брзо се впиваат и не оставаат масни траги, кожата е нахранета, нема затегнатост, а мирисот создава „зависност“ без кој станува тешко да се замисли летото...
Овој неверојатен мирис се должи на Monoi de Tahiti маслото кое е главна состојка на сите производи во колекцијата. Се произведува во Француска Полинезија - единственото место во светот каде што расте цветот Tiare, кој се бере рачно, а потоа се потопува во кокосово масло за да го добие божествениот мирис на Monoi маслото во кое се вљубивме.

Yves Rocher, пионер на природната убавина
Колекцијата е произведена од најпознатиот француски бренд на природна козметика, Yves Rocher, и ни беше особено задоволство да дознаеме дека гореспоменатиот цвет Tiare се бере на островот Тахити од страна на локалното население и таму се мацерира. Мацерацијата е процес во кој свежо набраните цветови Tiare внимателно се потопуваат во кокосово масло 10 дена, со што се создава Monoi маслото. Тајната лежи во традиционалниот процес кој што се користи со векови и поради тоа оваа колекција има заштитена ознака за потекло. Со купување производи од колекцијата, помагате во зачувувањето на традиционалното производство на Monoi de Tahiti маслото на еколошки одговорен начин.

Колекцијата содржи гел за тело и коса, двофазен пилинг, лосион за тело, тоалетна вода, крема за раце и 3 масла; повеќенаменско хидратантно суво масло, традиционално хранливо масло и хидратантно масло со златни честички.
По повод 37-годишнината од постоењето на оваа неопходна летна колекција, Yves Rocher лансираше нов производ – Monoi 3во1 маска за коса. Маската може да се користи на 3 начини и веруваме дека ќе ги воодушеви сите што ќе ја пробаат.

Совршен за сите сезони
Поради мирисот на лето што го носи колекцијата Monoi, не треба производите да се користат само во текот на летните месеци. Сепак, овој мирис и удобност на кожата може да бидат со вас во текот на целата година! На пример, гелот за тело и коса е идеален за нормална до масна кожа и коса, правејќи ја мека и свиленкаста, и препорачуваме да го користите во текот на летото, но и во текот на другите месеци, секогаш кога ќе посакате мирис на слобода и топлина. Препорачуваме утринско туширање за мирисот да го намали стресот во текот на денот.
Пилингот за тело е двофазен, длабински ја чисти кожата на телото, поради што е идеален во пролетните месеци додека ја подготвуваме кожата за сончање и потемен тен, но и во текот на постудените денови кога нанесуваме хранливи лосиони на кожата кои ги затвораат порите. Зрната пилинг се направени од кокос, што го прави пилингот нежен, хранлив и природен.
Сите придобивки од Monoi de Tahiti маслото се наоѓаат во претходно споменатите 3 масла од Yves Rocher, а препорачуваме да го користите Драгоценото масло Monoi со златни честички (must have!) во текот на летото, како и Повеќенаменското суво масло Monoi кое го подобрува тенот. Препорачуваме да го користите Традиционалното хранливо масло Monoi во текот на целата година, вклучително и во постудените месеци, затоа што неговата богата текстура обезбедува интензивна хидратација на кожата.

Ви оставаме на вас да ги откриете другите придобивки од Monoi маслото, но само ќе навестиме дека може да се користи и на косата, особено после летниот одмор кога е оштетена од солта и сонцето. Маслото ќе ја обнови, хидрира и заштити!
Почувствувајте го мирисот на тропскиот рај, уживајте во егзотичното искуство и предајте се на убавината на колекцијата Monoi која што ги исполнува сите летни желби! Дали сте подготвени за најмирисливото лето досега?
Колекцијата може да ја нарачате на линкот: www.yves-rocher.mk и да ја купите Yves Rocher продавницата во City Mall.