Почетна » Убавина и мода » Тело » Како да изгледате прекрасно за новогодишната ноќ?

Како да изгледате прекрасно за новогодишната ноќ?

Празничната еуфорија веќе ни го покачува адреналинот. Сите сакаат да ја дочекаат Новата година во најдобро светло, па активно се прават последните подготовки.

Финалните детали се многу важни затоа што ќе направат да изгледате празнично, неодоливо и волшебно. Еве неколку предлози за подобрување на вашиот изглед за најлудата ноќ во годината.

Додатоци за косаОбоени ноктиSmokey eyes шминкаЦрвени усниБеспрекорна фиксирана шминкаПарфем

Гламурозни додатоци за коса

Додатоците за коса можат магично да делуваат врз вашиот стил. Не мора да барате свечени обетки, ланчиња или белегзии, кога можете да додадете гламур во изгледот со помош на интересно венче со цвет или панделка на едната страна, или пак блескава голема шнола со циркони.

Додатоците ќе ви помогнат да ја минимизирате употребата на лак или пена за коса. Никако не ставајте премногу лак затоа што така косата ќе ви биде непријатна на допир и може да ви создаде проблеми кога ќе се вжешти атмосферата.

За да блеснете и да бидете препознатливи, изберете тенко венче кое ќе се сокрие во вашата коса, а ќе се истакне само цветот.

Модерно обоени нокти

Изгледот на ноктите треба да биде многу важен за секоја жена и тоа не само за новогодишната ноќ затоа што тие се показател колку таа се грижи за својот изглед. Не мора да имате скап професионален маникир за вашите нокти да изгледаат модерно и убаво. Средете ги сами дома, а потоа премачкајте ги со една од најактуелните бои за лак оваа сезона.

Нема да погрешите ако изберете мат лак за нокти или сив лак. Една од најмодерните бои за лак за нокти е нијанса помеѓу сива и беж. Црвените нокти се исто така непогрешлив избор. Актуелни се уште и виолетовата боја, нијанси на зелена и металните бои (златна, металик).

Smokey eyes со виолетови сенки

Smokey eyes изгледот е најпосакуван за време на новогодишните забави. Но, наместо да го постигнете со помош на црно-сива комбинација, употребете виолетови сенки.

Комбинирајте темновиолетова сенка со златна. Виолетовите нијанси нанесете ги на капакот на окото, а со помош на златната сенка потенцирајте ја областа веднаш над капакот. Со понежна златна нијанса истакнете ја областа веднаш под веѓите.

Секси црвени усни

Нема полесен и поженствен начин да го финализирате вашиот празничен изглед од црвените усни. Дури и со наједноставното црно фустанче ќе зрачите со гламур ако изберете црвен кармин.

Доколку не сте навикнати да се гледате со црвен кармин, започнете да го употребувате за низ дома. На пример, додека го ексфолирате и депилирате телото, носете црвен кармин. Набрзо ќе ја примите црвената боја како нормална и самоуверено ќе можете да ги нашминкате усните црвени за најлудата ноќ во годината.

Едно ново истражување покажа дека мажите не можат да им одолеат на црвените усни и тие најмногу го привлекуваат нивното внимание. Па, ако сакате да има во што да се загледуваат претставниците на спротивниот пол, обојте ги усните со мат или сјаен црвен кармин.

Фиксирана шминка

Шминката лесно може да ви создаде проблеми во текот на лудата новогодишна ноќ ако се растече од топлината или од забавното лудо танцување. Еве неколку совети за да ги избегнете непријатните ситуации:

  • Користете руменило во прав.
  • Пред да нанесете молив и сенки за очи, премачкајте ги капаците со течна пудра и ставете одгоре пудра во прав.
  • Оцртајте ги усните со молив пред да ставите кармин, а на крајот внимателно нанесете пудра во прав околу усните.

Стратешки нанесен парфем

Сакате да мирисате неодоливо кога ќе ви ја честитаат Новата година? Тогаш треба да го нанесете парфемот на стратешки места по телото.

Најдобро е да нанесете парфем на местата кои природно се загреваат, т.е. зад колената, на деколтето, на зглобовите на рацете и зад ушите. Како што вашето тело ќе се загрева, така аромата повеќе ќе се шири околу вас.

И на крајот не заборавајте дека насмевката е најубавиот украс на женското лице.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10268 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.