Почетна » Убавина и мода » Тело » 10 начини да изгледате и да се чувствувате посекси уште веднаш

10 начини да изгледате и да се чувствувате посекси уште веднаш

Најголемите заводнички, најуспешните освојувачки на машките погледи и најнеодоливите жени имаат едно заедничко нешто – тие знаат дека се секси и дека спаѓаат во категоријата фатални жени.

Секси девојка

Сите имаме лоши денови кога „секси“ е на дното на списокот на зборови со кои би се опишале себеси. Добрата вест е што не е потребно којзнае што за да ја разбудите сексапилната божица која се крие во вас. Еве неколку мали чекори кои брзо ќе ве донесат до целта:

  1. Блеснете во црвено. Црвената облека е како магнет за мажи. Кога ќе почувствувате дека ги привлекувате погледите каде и да се појавите, нема да имате друг избор освен да се убедите дека зрачите со сексапил.
  2. Направете гола црно-бела фотографија од себе. Земете го фотоапаратот и сликајте се голи. Направете црно-бела уметничка слика за да ги видите само убавите страни на вашето тело, без да се фокусирате на малите несовршености. И се разбира, избришете ја фотографијата веднаш за да не падне во погрешни раце.
  3. Издигнете се повисоко. Ставете обувки со висока штикла. Женските нозе и задникот изгледаат многу подобро кога ќе ги подигнете петиците неколку сантиметри над земјата. Уште по првиот поглед во огледалото ќе се почувствувате секси, а откако ќе забележите дека собирате погледи полни со воодушевување, прикриена насмевка ќе го направи вашето лице уште позаводливо.
  4. Напрскајте се со сексапил. Прекрасно е чувството кога некој ќе ви каже дека мирисате убаво, нели? Ако знаете дека зад себе оставате облак од пријатна арома, знаете дека го имате вниманието на присутните, а тоа веднаш ќе ви даде доза самодоверба. Доколку користите чист парфем, ставете зад ушите и на пулсните точки на зглобовите на рацете, а ако користите тоалетна вода, напрскајте во воздухот пред вас и поминете низ „облакот“.
  5. Експериментирајте со нов мирис. Долготрајната употреба на еден ист парфем ќе го направи вашиот нос имун на убавиот мирис, а така ќе го изгубите ефектот што парфемот го има врз вашата перцепција за сексапилот кој го поседувате. Променете го парфемот и изненадете се самите себе.
  6. Обвијте се во мистерија. Мистериозноста и таинственоста се секси. Нашминкајте се во стил „smokey eyes“, носете големи очила за сонце или шешир. Можеби ќе ви звучи чудно, но истражувањата покажуваат дека жените кои носат капа или шешир подолго ги задржуваат туѓите погледи.
  7. Погледнете се од друг агол. Земете мало огледало и застанете пред големо. Облечете блузичка или фустан со разголен грб и со помош на малото огледало, погледнете се одназад. Многумина би се согласиле дека голиот грб е сексапилен. Самиот факт што ќе го видите своето тело од друг агол ќе ви даде причина плус за да се гордеете со него.
  8. Танцувајте бавно пред огледало. Пред да излезете од дома, пуштете си бавна музика и додека се подготвувате, танцувајте со бавни движења пред огледало. Гледајќи како вашето тело се извива според ритамот на музиката, ќе сфатите колку сте секси.
  9. Легнете голи во чисти чаршафи. По туширањето не брзајте веднаш да го покриете вашето тело со пижами. Легнете на кревет и 10 минути тркалајте се голи низ чисти миризливи чаршафи. Вашите сетила ќе се изострат и ќе ја разбудат сензуалноста во вас.
  10. Не ги гледајте другите жени како конкуренција. Многу повеќе ќе загубите отколку што ќе добиете ако започнете да се споредувате со другите жени или ако влезете во женската борба за добивање на најголемо внимание. Пронаоѓањето и посочувањето на недостатоци кај другите претставнички на понежниот пол не само што нема да ве направи попривлечни во туѓите очи, туку и ќе ве исполни со негативни чувства кои ќе го згаснат вашиот сексапил.

Запомнете, самодовербата доаѓа однатре, а таа е посекси од било кој изглед или дел од телото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.