Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Моќта на музиката

Моќта на музиката

Без разлика дали ги обожавате генијалните мелодии на Моцарт, реге звуците на Боб Марли или R&B музиката на Ријана, слушајќи ги хармоничните тонови вие го релаксирате телото и ја храните душата. Слушањето музика е едно од најчестите хобија и постојат милиони луѓе кои го започнуваат и завршуваат денот со музика. Музиката е насекаде, сите ја почувствувале, но само мал дел знаат колкава е нејзината моќ.

Музиката е лек за душата, но и за телото. Тоа не се празни зборови, туку еден вид опис на таканаречената музичка терапија, која ја користи музиката за да постигне физичко и емотивно лекување. Експертите сè повеќе навлегуваат во тајните моќи на музичката терапија. Така, сè поголем број болници низ светот имаат оддел во кој музичките терапевти користат различни методи за слушање и создавање на музика за да им помогнат на пациентите да си го подобрат здравјето.

Жена што слуша музикаМузиката го подобрува расположението, релаксира и ја намалува депресијата

Се прашувате како музиката може да го подобри вашето психичко и физичко здравје? Продолжете да читате.

  • Музиката релаксира и го убива стресот. Повеќето од нас го имаат почувствувано овој благопријатен ефект на музичките звуци. Еден од најдобрите начини да се релаксирате по напорниот ден е да се спружите в кревет и да си ја пуштите омилената музичка плеј-листа. Луѓето кои слушаат музика барем 2 пати дневно по половина час чувствуваат помал стрес и помала вознемиреност. А кога знаеме дека стресот е извор на многу болести, ова дејство на музиката треба уште повеќе да го цениме.
  • Музиката го подобрува расположението. Без разлика каква музика слушате, таа има својство да ги прогонува негативните емоции и да ви го подобри расположението. Додека уживате во музиката, се ослободува невротрансмитерот допамин, којшто праќа сигнали на задоволство низ целото тело. Истражувачите откриле дека музиката не само што го зголемува бројот на позитивни емоции, туку го зголемува и нивниот интензитет.
  • Музиката ги намалува симптомите на депресија. Музичката терапија им се препорачува на пациенти кои страдаат од депресија токму поради тоа што пријатната музика го подобрува расположението. Американски истражувачи откриле дека кај пациентите кои страдале од депресија, а кои слушале музика 1 час дневно, со тек на време симптомите се намалиле за 25%.
  • Музиката го подобрува здравјето на срцето. Релаксирачката музика го намалува крвниот притисок и го забавува ритамот на срцето, а со тоа се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Од друга страна, познато е дека „радосната“ музика го подобрува функционирањето на крвните садови.
  • Музиката ја намалува хроничната болка. Секојдневното слушање музика може да ја намали хроничната болка со 21%, велат научници од Охајо. Тие го истражувале ефектот на музиката кај пациенти со хронична болка кои уживале во звуците на музиката по еден час секој ден. Експертите не тврдат дека музиката целосно ќе ја отстрани болката, туку дека таа може да биде пријатно дополнување на терапијата препишана од лекар.
  • Музиката помага да вежбате подолго. Докажано е дека луѓето кои слушаат музика вежбаат подолго од луѓето кои вежбаат во тишина. Вежбањето без музика не е ни приближно толку интересно како вежбањето со музика која ви го зголемува расположението и ве мотивира да направите уште еден чекор напред. Со тоа музиката влијае позитивно на вашата линија.
  • Музиката го намалува стресот и вознемиреноста кај бремените жени. Добро е бремените жени да слушаат музика барем 30 минути дневно затоа што тоа ги намалува симптомите на стрес, анксиозност и депресија. Бременоста е идеално време за жените да научат приспивни песнички кои ќе им ги пеат на своите малечки.
  • Музиката им помага на луѓето со рак. Истражувањата покажуваат дека музичката терапија им помага на луѓето кои се лекуваат од рак подобро да се справат со симптомите. Музиката им ја намалува анксиозноста на луѓето кои се лекуваат со радијација, а кај пациентите кои се на хемотерапија се намалуваат гадењето и повраќањето.
  • Музиката ја подобрува концентрацијата. Хармоничните звуци на музиката го изоструваат умот и ја подобруваат концентрацијата. Сепак, потпирајќи се на најновите научни сознанија, експертите советуваат учениците и студентите да слушаат музика пред, но не и за време на учењето, со цел да помнат подобро.

Музиката уште и го забрзува опоравувањето на луѓето кои настрадале од мозочен удар, го зголемува оптимизмот, помага за подобар сон и ги зближува луѓето.

Сигурно не ви треба повеќе убедување. Време е за вашата омилена песна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.