Почетна » Убавина и мода » Мода » Тренди празнична облека – 2010/2011

Тренди празнична облека – 2010/2011

Насмевнете се и подгответе се за забава. Наскоро започнува за многумина омилениот период од зимата – сезоната на празниците. Еуфоријата веќе се чувствува, а подготовките се во полн ек.

Па, тајмингот е совршен за да ви предложиме неколку модни комбинации инспирирани од најактуелните модни трендови и прилагодени на празничната атмосфера.

ЧипкаБезвременска убавина со чипка

Станете дел од епидемијата „црна чипка“ што го зафати црвениот тепих и изберете црно фустанче со црна чипка за празничните забави. Бидејќи чипката сама по себе е богат материјал, комбинирајте ја со поедноставни модни додатоци. Ако носите хулахопки, тие треба да бидат или во месо боја или црни без дезен.

Чипката не мора да е црна за да изгледа секси и елегантно. Нема да погрешите ако изберете бела или чипка во месо боја. Доколку пак вашиот избор е црвена чипка, бидете внимателни како ќе ја комбинирате за да не изгледа премногу нападно.
КадифеНежен допир со кадифе

Кадифето е романтичен материјал кој ќе ја потенцира вашата елегантност и женственост, а тоа што е меѓу најмодерните материјали на сезоната го прави уште попопуларен. Кадифето совршено одговара на зимската празнична атмосфера и ја оцртува женската фигура.
Мало црвено фустанчеТренди со мало црвено фустанче

Црвената е меѓу најактуелните бои, а освен тоа црвената е и бојата на празничната сезона, бојата на љубовта и бојата на флертот. Тоа треба да е доволно за да знаете дека нема да погрешите ако изберете црвена облека за претстојните забави. Преку црвена комбинација вие всушност изјавувате дека сте самоуверени и храбри и дека не се плашите да бидете во центарот на вниманието.
Мало црно фустанчеКласика со мало црно фустанче

Не сте сигурни дека сакате да се експонирате со привлечната црвена боја? Тогаш вашиот избор нека биде класичното мало црно фустанче. Тоа е секогаш секси и во тренд и никогаш не губи од својот шарм и софистицираност. Најдоброто е што при секое носење можете да создавате нов изглед со помош на модни додатоци. Доколку имате црно фустанче од минатата сезона кое одлично стои на вашата фигура, тогаш надополнете го со нови додатоци и сте подготвени за новата празнична сезона.
Блескав гламурГламур преку блескава комбинација

Новогодишните забави се оној период во годината кога можете да си дозволите да носите поблескава облека којашто обично би ја избегнувале. Фустани и додатоци со блескави камчиња, пулејки, мониста и светликави материјали... сè е дозволено и модерно.

3 совети од модната библија „Вог“

И уредниците на списанието Вог нудат неколку совети за празничната сезона, кои ќе им бидат најкорисни на оние модни зависнички што сакаат да се истакнат со оригинален изглед кој ќе ги издвои од другите.

  • Ако не сакате да го поддржите празничното клише „кратко и секси“, изберете макси сукња (долга и широка) и комбинирајте ја со омиленото џемперче.
  • Внесете разнообразие во празничната облека со тоа што ќе ги замените стандардните обувки со отвор кај прстите со чизми до глуждовите. Ваквите чизми дополнително ќе ја истакнат убавината на секој фустан и ќе бидат доказ за вашето непогрешливо чувство за стил.
  • Оставете силен впечаток при влегување со палто во силна боја и/или оригинален модел или пак со модерен елек од вештачко крзно.

Предлози од Victoria’s Secret

За инспирација, погледнете и какви комбинации нуди модниот бренд Victoria’s Secret за секси и празничен вечерен изглед.

Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret
Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret
Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret
Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret Комбинација од Victoria's Secret

Најверојатно веќе имате неколку идеи за новогодишни модни комбинации. При финалниот избор на облека за празничните забави покажете креативност и оригиналност и не се плашете да експериментирате, но пред сè останете верни на својот стил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.