Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ бои за сезоната есен/зима 2010-2011

Топ бои за сезоната есен/зима 2010-2011

Топлите летни денови веќе се намалуваат и можеме да го насетиме доаѓањето на новата сезона. А новата сезона не значи само нови трендови кај моделите на облеката, туку и нови трендови кога се работи за боите.

Убава женаИзберете карамела боја, маслинесто-зелена, виолетова, црвена или црна за да бидете во тренд

За среќа, дизајнерите се погрижија оваа есен и зима да имаме одлични трендови кои лесно можат од модните писти да се пренесат на улица. Еве со какви бои треба да започнете да го полните вашиот плакар.

  1. Карамела боја. Во текот на мината сезона еден од најголемите хитови беше светлата крем (месо) боја. За постудените месеци од годината, нејзина замена е бојата на карамела или популарно наречена боја на камила. Особено популарни се палтата и наметките во оваа боја. Единствено што треба да внимавате е да не се облечете од глава до петици во облека со карамела боја, затоа што ризикувате да направите досадна комбинација.
  2. Црна. Воопшто не е изненадување што црната боја беше една од најупотребуваните во колекциите на редица дизајнери за сезоната есен/зима. Еден од трендовите кои се истакнаа на модните недели е т.н. „засекогаш во црно“. Стотици модели се појавија на пистите облечени од глава до петици во црно. Многу дизајнери вклучија кожни црни фустани, хеланки, блузи, елечиња, кои се одлични ако сакате да ја истакнете вашата линија. Црната боја е класична, ве прави послаби, а секогаш делува елегантно. Не верувам дека ќе има некој што ќе ја прескокне.
  3. Црвена. Ако сакате да бидете во центарот на вниманието, нема подобра боја од црвената, а тоа особено важи оваа сезона. Црвената е одлична за да внесете свежина и топлина во вашиот изглед во студените денови. Палто или џемперче во црвена боја ќе направи да бидете во тренд, а можете да ја искористите оваа боја за да ги истакнете усните или ноктите.
  4. Виолетова. Ако не можете да му одолеете на шармот на виолетовата боја, оваа сезона можете да се радувате, затоа што сите нијанси на оваа боја ќе бидат актуелни како за облеката, така и за шминката. Употребете шминка во нијанси на црна слива, црн домат и орхидеја и нема да останете незабележани.
  5. Чоколадно-кафеава. Есенската гардероба нема да биде целосна без барем едно парче облека во чоколадно-кафеава боја. Добрата страна е што оваа боја одговара и на светол и на темен тен на кожата, па секој може да ја присвои.
  6. Маслинесто-зелена. Поради фактот што војничкиот тренд е сè уште актуелен, не можеме да ја прескокнеме природно зелената боја, особено онаа нијанса на зелена маслинка. Оваа боја можете одлично да ја комбинирате со модерните пурпурна и чоколадно-кафеава.
  7. Светло сива и светло сина. Сивата отсекогаш се асоцирала со зимата и била актуелна. Оваа сезона изберете посветли нијанси на сива. Истото што важи за бојата на карамела, важи и за сивата – ако употребите премногу, ќе направите досадна комбинација. Светло-сината можеби ќе ве изненади, но многу дизајнери останаа фасцинирани од неа и таа беше значаен дел од колекциите на Томи Хилфигер, Шанел и Марк Џејкобс.

А еве што препорачува Pantone...

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, којашто е позната по својот систем за стандардизација на боите.

Тиркизна. Тиркизната е официјална боја за 2010 година според Pantone. Особено е популарна за накит и аксесоари. Најдобро се комбинира со коралната боја или со нијанси на црвена.

Еве ги нијансите кои според Pantone се најмодерни за оваа есен:

Најмодерни бои за сезоната есен/зима 2010-2011 според PANTONE

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.