• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Њујоршката недела на модата 2010 – прв дел

16 февруари 2010, 14:23
  • cподели

Њујоршката недела на модата веќе е во тек. Њујорк е локацијата каде што од 11-ти до 18-ти февруари едни од најдобрите дизајнери во светот ќе ги покажат своите колекции за сезоната есен/зима 2010/2011. Еве дел од претставените колекции.

Lacoste есен/зима 2010

Постерот на Lacoste зад сцената гласел: „Бидете ведри, среќни и самоуверени. Останете силни, насмеани, полни со енергија!“. Одличен вовед за тоа што беше карактеристично за колекцијата на Lacoste есен/зима 2010 - дебели хеланки во светли бои и весели комбинации.

Carolina Herrera есен/зима 2010

Колекцијата есен/зима на Каролина Ерера зрачи со класика и стил. Класичните панталони со широки ногавици во комбинација со елегантните ракавици и шеширите ѝ даваат безвременски изглед на колекцијата, а вечерните фустани префинетост и софистицираност.

Diane Von Furstenberg есен/зима 2010

„Отсекогаш сакав да живеам машки живот во женско тело“ – Даен Фон Фурстенберг. Токму со оваа колекција, Даен покажа дека спојот на мажественоста и женственоста може да биде оригинален. Очигледно оваа искусна дизајнерка знае што точно ѝ треба на една модерна жена.

Marc Jacobs есен/зима 2010

Со својата колекција Марк Џејкобс покажа дека тајната на убавината е во едноставноста. Палта со крзно по краевите, сиви костуми од три дела, класични фустани и елегантни светликави тоалети ја карактеризираат колекцијата есен/зима на овој дизајнер.

Њујоршка недела на модата – втор дел »
Tags
модна недела

Најнови

  • The Devil Wears Prada

    Првиот трејлер за продолжението на филмскиот хит „The Devil Wears Prada“

    Mon, 02/02/2026 - 19:07
  • Девојка која го преживеа пожарот во Кран-Монтана ги покажа изгорениците: „Момент на чист терор“

    Mon, 02/02/2026 - 14:32
  • Греми 2026

    Хајди Клум едвај се движеше во латекс, Лејди Гага драматична со пердуви... Модата на Греми 2026

    Mon, 02/02/2026 - 12:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.