Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 најактуелни трендови за сезоната есен/зима 2010-2011

10 најактуелни трендови за сезоната есен/зима 2010-2011

Иако сè уште во бутиците може да се најде летна облека на попуст, есенската и зимската гардероба полека, но сигурно ги превзема излозите.

Намалувањето на температурите е добар знак дека е време да ослободите повеќе простор во плакарот за потопли парчиња облека. А за полесно да се одлучите што да ставите на дофат на рака и што да купите од новите колекции, еве дел од трендовите за сезоната есен/зима 2010-2011.

Палта во карамела боја

Палта во карамела боја

Ако купувате едно палто оваа сезона, тоа нека биде палто во карамела боја или како што трендсетерите уште ја нарекуваат – камила. Оваа боја е апсолутен хит. Доколку не успеете да си набавите палто, можете да бидете во тренд со панталони, џемпер или блуза обоени како карамела.

Сите нијанси на оваа боја се „ин“, а најдобро можете да ги комбинирате со црна, морнарско сина, бела и сива боја.

Jакни со крзно

Модни трендови есен/зима 2010-2011

Кожните јакни оваа сезона добија надградување – овчо крзно на јаките. Авијатичарските јакни и други модели на јакни со овчо крзно доминираа во колекциите за оваа сезона. Тие ќе ви дадат младешки изглед, а нивна добра страна е и што можат да се комбинираат одлично како со фармерки и панталони, така и со секојдневни сукњи и фустани.

Кожата е супер модерна, па нема да погрешите ако изберете хеланки, сукња, блуза или дури фустан од овој материјал.

Стилот на 50-тите

Стилот на 50-тите

Серијата Mad Man не само што ја освои целокупната јавност, туку и им даде инспирација на дизајнерите. Токму поради тоа, стилот на облекување од 50-тите и раните 60-ти години сега е еден од најактуелните трендови.

Фустаните тесни во половината и широки надолу, кои ја акцентираат женската фигура на песочен часовник, се вратија на сцената заедно со модерните ракавици долги до лактите и чевлите со мала штикла.

Долги фустани

Долги фустани

Ако сакате да изгледате неодоливо, шармантно и вашиот стил да потсетува на романтична поетеса, изберете долг фустан од лесен материјал украсен со цветови во угаснати бои.

Доколку фустанот е со куси ракави, можете да го облечете врз тесна блуза со долги ракави. Другата опција е врз него да облечете плетена блуза. И во двата случаи ќе бидете ултра модерни.

Панталони со широки ногавици и тип „цевка“

Панталони со широки ногавици и тип „цевка“

Пантолоните со висок струк и со широки ногавици се еден од новите трендови. Изберете панталони од мек лесен материјал којшто елегантно ќе ги оцртува вашите нозе. Комбинирајте ги со свилена кошула прибрана внатре во нив и со тенок колан, за да ја акцентирате вашата тенка половина.

Панталоните тип „цевка“ кои се во машки стил и со низок струк се еден од трендовите за оваа сезона. Комбинирајте ги со високи потпетици за поженствен изглед.

Нов минимализам

Нов минимализам

Тајната на убавината е во едноставноста. За оваа сезона пронајдете парчиња облека кои немаат врз себе многу детали, кои се многу едноставни, а изработени од луксузни материјали.

Комбинацијата од едноставност и луксуз нема како да не го привлече вниманието. Бидете екстремно внимателни кога избирате накит.

Војнички стил

Војнички стил

Војничкиот стил веќе неколку сезони се вбројува меѓу актуелните трендови. Јакните и палтата во војнички стил се модерни и лесно можат да се комбинираат. Изберете си палто во зелена, темно сина или сива боја.

Особено модерни ќе бидат и тесните пантолони кои имаат џебови по ногавиците.

Наметки и пелерини

Наметки и пелерини

Наметките и пелерините се одличен тренд којшто се појави минатата зима, но сега ќе земе поголем замав.

Ваквите модели се практични и удобни, па ако ја следите модата, нека ви станат омилено парче облека за заштита од студот во есенските денови.

Чипка и кадифе

Чипка и кадифе

Чипката е еден од летните трендови кои ќе се задржат и во текот на сезоната есен/зима. Овој материјал е одличен за да покажете малку кожа, а сепак да останете покриени и да ви биде потопло. На модните писти беа забележани креации од чипка во различни форми и бои. Многу е лесно да го следите овој тренд, затоа што сè што е со чипка е модерно. Хулахопки, блузи, џемпери, фустани, ракавици... изборот е ваш.

Кадифето е еден од оние материјали коишто или многу ги сакате или многу ги мразите. За оваа сезона изберете фустанче од кадифе и ќе изгледате елегантно и женствено.

Вештачко крзно

Вештачко крзно

Крзното присуствуваше во најголем дел од колекциите на големите дизајнерски имиња за сезоната есен/зима 2010-2011. Голем дел од нив се насочија кон употреба на вештачко крзно во своите креации. Така, цела колекција на Карл Лагерфелд за Шанел беше изработена од вештачко крзно.

Крзното не присуствуваше само на јаките на палтата и јакните, туку и на чанти, чизми, ракавици, сукњи и блузи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.