Почетна » Новости » Актуелно » Прекрасен: Фотографија од балканскиот рис на Галичица

Прекрасен: Фотографија од балканскиот рис на Галичица

Прекрасна фотографија од балкански рис направена на Галичица деновиве се распространува на интернет.

рис

„Ретко е да се фати животното користејќи фотозамка поставена за научни цели. Сепак, оваа камера успеа да направи речиси совршена снимка од ова младенче кое шета низ недопрените шуми на НП Галичица во Северна Македонија“ – стои во описот на фотографијата споделена на профилот Balkan lynx.

Камерите се наменети за следење на активностите на срните и другите животни во Националниот парк „Галичица“.

Рисот се смета за најголема мачка на нашиот континент. Балканскиот рис, како најзагрозена популација на рис во светот, исклучиво ги населува шумите на Македонија, Албанија и Косово.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.