Почетна » Новости » Актуелно » Норвешките ракометарки казнети зашто одбија да се натпреваруваат по бикини-гаќички, бараат промени на правилата

Норвешките ракометарки казнети зашто одбија да се натпреваруваат по бикини-гаќички, бараат промени на правилата

Норвешките ракометарки добија парична казна затоа што одбија да носат бикини-гаќички и се натпреваруваа на Европското првенство во ракомет на плажа во кратки панталончиња.

Норвешките ракометарки

Девојките од тимот сакаа да порачаат дека е тотално погрешно во ова модерно време да им се наредува на жените да носат разголени униформи додека мажите играат во широки шорцеви и маици. Со протестот, спортистките се надеваат дека ќе поттикнат промени во регулативите.

Норвешките ракометарки

Иако Норвежанките пред почетокот на натпреварувањето побарале дозвола за промена на униформата, ним не им било дадено зелено светло. Напротив, биле предупредени дека ако не ги почитуваат правилата, ќе бидат казнети или дисквалификувани. И покрај тоа, тимот одлучил да игра во кратки панталончиња.

По мечот на Норвешка и Шпанија, дисциплинската комисија изрече казна од 150 евра по играч, односно вкупно 1.500 евра, со образложение дека норвешката екипа настапила со „несоодветна облека“.

Ракометарката Тонја Лерстад изјави: „Ако момците можат да играат во маица и шорцеви, тогаш и ние би требало да можеме да се натпреваруваме во истиот спорт со иста облека.“ Таа потенцира и дека многу жени се откажуваат од спортот токму затоа што не се чувствуваат пријатно во минијатурните униформи.

Норвешките ракометарки Норвешките ракометарки

Норвешката федерација апсолутно ги поддржа своите претставнички и се согласи да ја подмири казната. „Стоиме зад вас и ве поддржуваме. Заедно ќе продолжиме да се бориме да ги промениме меѓународните регулативи за облека, за играчите да можат да играат во облека во која се чувствуваат комфорно!“ – се вели во соопштението на Федерацијата.

Оваа казна е многу добар пример за сексистичките двојни стандарди во спортот, за кои сè погласно зборуваат сè повеќе спортистки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.