Почетна » Новости » Актуелно » Елизабета Ѓоргиевска: „Само затоа што не се гледаат лузните на жртвата, не значи дека насилството не се случило“

Елизабета Ѓоргиевска: „Само затоа што не се гледаат лузните на жртвата, не значи дека насилството не се случило“

Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“.

Во својот говор, македонската прва дама потенцираше дека се неопходни интервенции на повеќе нивоа и во повеќе области со цел успешно справување со насилството врз жените и девојчињата.

Елизабета ѓоргиевска

„Справувањето со родово базираното насилство, особено со насилството врз жените и девојките, е потребно да биде наша секојдневна обврска и одговорност, затоа што не треба да останеме само на говорење, треба да дадеме поддршка, треба да ги охрабриме жртвите да го прекинат својот молк и да се спротивстават, затоа што излез секогаш има“ – рече Ѓоргиевска, нагласувајќи ја потребата надлежните институции да бидат беспрекорно ефикасни во овозможувањето на превенцијата и заштитата.

„Само затоа што не се гледаат лузните на жртвата, не значи дека насилството не се случило“ – напиша таа на социјалните мрежи.

Елизабета ѓоргиевска

Во своето обраќање, сопругата на претседателот Пендаровски укажа и на тоа дека честопати жртвите не се охрабруваат да преземат чекори за сопствена заштита поради тоа што не знаат дали ќе можат да добијат непосредна помош или економски да опстојат. Таа потенцираше дека на жртвите им е потребно охрабрување за да пријават и да знаат дека нема да се соочат со осудување и стигма. „Особено важно е жртвите да имаат лесно достапни информации за сервисите за поддршка, доколку решат да го напуштат домот, или заедницата која е извор на насилството“ - додаде Ѓоргиевска,

„Одговорност и навремено реагирање треба да се очекува и од правосудните органи кои треба да испорачаат правда за жртвите, како и од службите кои треба да обезбедат услуги за заштита и закрепнување на жртвите на насилство“ - истакна таа.

Елизабета ѓоргиевска Елизабета ѓоргиевска

Таа посочи дека институциите имаат обврска и одговорност да се борат за овие цели. Мораме да дадеме и фактичка, а не само декларативна поддршка на жртвите на насилство, потенцираше Ѓоргиевска, и да им помогнеме за да прекинат со молкот, да бидат гласни и да се спротивстават.

„Никој не заслужува да страда и не смее да молчи. Жртвите да се охрабрат и да го пријават тоа. Да ставиме крај на родово базираното насилство“ – охрабрува Ѓоргиевска.

Елизабета ѓоргиевска Елизабета ѓоргиевска Елизабета ѓоргиевска

Дискусијата беше oрганизирана од Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Видео:

Елизабета ѓоргиевска Елизабета ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.