Почетна » Новости » Актуелно » „Господе, зошто овој човек?“ Славните личности со неверување се збогуваат со актерот Славиша Кајевски кој почина на 39 години

„Господе, зошто овој човек?“ Славните личности со неверување се збогуваат со актерот Славиша Кајевски кој почина на 39 години

Актерот Славиша Кајевски го напушти овој свет на само 39-годишна возраст, оставајќи ја македонската во тага и неверување македонската јавност.

Веста ја соопштија од Македонскиот народен театар. „Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената“ – напишаа од МНТ на Facebook.

Македонските славни личности со емотивни објави се збогуваат со својот колега, пријател, соработник и другар.

Пејачката Елена Ристеска го сподели спотот за „Опасно време“ со Славиша и напиша: „Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“.

„Каков удар сине. Монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу... одмори се и поздрави ги другарите“ – напиша Весна Петрушевска.

Македонскиот режисер Владимир Милчин на Facebook се збогуваше со зборовите:

„Замина Славиша. Го напушти светот на неправдите. Бремето стана претешко. Му натежна бесчувствителноста на околината. Го дотолчи молчењето. Вечна нека му е славата!“

Јелена Јовановска низ солзи му посака светол пат на Славиша. „Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“ – напиша таа.

Тамара Тодевска со фотографија се збогува со актерот. „Почивај во мир“ – напиша таа.

Славиша Кајевски

Кристина Арнаудова: „Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук,секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема… Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување. Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш…многу…на сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави…. Ова е последен поздрав од нас , Кристина,Александар, Максим и Матео…..летај душо сега. Таму е сигурно подобро…“.

Игор Џамбазов:

Славиша Кајевски

Министерката за култура, Ирена Стефоска, исто така се огласи на Facebook по смртта на актерот.

Драган Спасов Дац:

Актерот Благој Веселинов:

ЖАЛНА ВЕСТ
СЛАВИША КАЈЕВСКИ (1982 – 2021)

Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.
Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.

Ти на оваа сцена беше Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, Таткото Тил во „Сината птица“, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор“, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа“, Грен во „Подемот и падот на кабарето“, „Декамерон“, „Животот е сон“, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка“, Корубин во „Свадбата на Фигаро“, Тибалт во „Ромео и Џулиета“, „Бесови“, „Немој ти мене Фауст“, „Троил и Кресида“, „Суд“, „Лет во три глави“, Рака во „Госпоѓа Министерка“, Џими во „Вејка на ветрот“, Гласникот во „Мара/САД“, Маро Мароев во „Дундо Марое“, Морис во „Дракула“...

Остана да те гледаме како Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Baaghi“, Сурла во филмот „Еј“, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ и друго.
Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.

РСМ НУ Македонски народен театар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.