Почетна » Новости » Актуелно » ВИДЕО: Дете „полуде“ од среќа кога Новак Ѓоковиќ му го подари рeкетот по победата на Ролан Гарос

ВИДЕО: Дете „полуде“ од среќа кога Новак Ѓоковиќ му го подари рeкетот по победата на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ со одличен гест усреќи свој страстен навивач. По победата над Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос, српскиот тенисер му подари еден од своите рекети на дете од публиката, а на неговата радост немаше крај.

Видеото освои многумина:

На прес-конференцијата, Ноле изјави дека малиот навивач во текот на цел натпревар го поддржувал и му дофрлувал совети. „Не го познавам момчето. Тој ме поддржуваше. Тој всушност ми кажуваше тактики... Па, чувствував дека тој беше најдобрата личност за да го добие рекетот по мечот. Тоа беше еден вид благодарност од моја страна што беше до мене и ме поддржуваше“ – рече врвниот спортист.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.