Почетна » Новости » Актуелно » „Бизарно, апсурдно“: Украинскиот претседател Зеленски со сопругата поттикнаа критики и гнев со фотосесија за „Вог“

„Бизарно, апсурдно“: Украинскиот претседател Зеленски со сопругата поттикнаа критики и гнев со фотосесија за „Вог“

Одлуката на Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска да позираат за „Вог“ додека нивната татковина е сред ужасен воен конфликт наиде на најразлични реакции.

Украинскиот претседател и Првата дама снимија фотосесија во Киев, а фотографиите од едиторијалот поттикнаа многу негативни коментари.

Володимир Зеленски и Олена Зеленска Володимир Зеленски и Олена Зеленска

„Разочарувачки“, „Се води војна, не се одржува модно шоу“, „Дали ова е шега?“, „Многу бизарно“, „Луѓето умираат, тие се сликаат“, „Глорифицирање на војна“, „Какво понижување на жртвите и невините луѓе“, „Ова е многу глупаво, бизарно“. Тоа се само дел од интернет коментарите за фотосесијата на парот.

На една од фотографиите, Зеленска позира пред уништен воен авион додека околу неа стојат жени-војници.

Володимир Зеленски и Олена Зеленска

Во интервјуто за модната библија, Олена вели: „Ова беа најужасните месеци во мојот живот и во животите на секој Украинец. Искрено, мислам дека никој не е свесен како се справивме емотивно. Очекуваме победа. Немаме сомнеж дека ќе надвладееме. Тоа нè води напред“.

Од „Вог“ ја потенцираат сè поголемата улога на Зеленска во дипломатските односи на Украина и го издвојуваат нејзиното неодамнешно патување во САД каде одржа говор пред Конгресот со значајна молба. „Барам нешто што никогаш не би сакала да го барам. Барам оружја. Оружја кои нема да бидат користени за да се води војна на туѓа земја, туку за да се заштити нечиј дом и правото да се разбуди жив во тој дом“ – рече таа.

Володимир Зеленски и Олена Зеленска Володимир Зеленски и Олена Зеленска

Гневот за фото-сторијата насловена „Портрет на храброста: Украинската Прва дама Олена Зеленска“ не стивнува, а од списанието нема реакција на негативниот фидбек од читателите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.