Почетна » Новости » Актуелно » 494 новозаразени и 22 пријавени починати од коронавирус

494 новозаразени и 22 пријавени починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.425 тестирања, а има 494 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 231
  • Куманово – 49
  • Велес – 31
  • Штип – 24
  • Кавадарци – 23
  • Охрид – 19
  • Кичево – 17
  • Прилеп и Кочани – по 16
  • Струмица – 12
  • Битола – 8
  • Струга – 7
  • Тетово – 6
  • Гевгелија – 5
  • Делчево – 4
  • Неготино, Радовиш и Виница – по 3
  • Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2
  • Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 од Кавадарци (77г и 63г) и по едно од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Шест од нив се од Скопје, 2 од Куманово и по едно од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од нив, едно е починато во домашни услови, а 9 во болнички услови.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 272
  • Куманово – 30
  • Битола – 18
  • Штип – 16
  • Велес и Тетово – по 14
  • Кавадарци – 13
  • Кочани – 12
  • Кичево и Радовиш – 10
  • Струмица – 8
  • Прилеп – 6
  • Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5
  • Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4
  • Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3
  • Демир Хисар и Пехчево – по 2
  • Охрид и Пробиштип – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11448 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.