Почетна » Новости » Актуелно » 491 новозаразен и 16 починати од коронавирус кај нас

491 новозаразен и 16 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.747 тестирања, а има 491 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 232
  • Куманово – 41
  • Штип – 26
  • Велес – 20
  • Битола – 19
  • Охрид – 17
  • Кавадарци – 16
  • Прилеп – 15
  • Струмица – 14
  • Свети Николе и Кратово – по 10
  • Кочани и Радовиш – по 8
  • Гостивар и Кичево – по 7
  • Гевгелија и Валандово – по 6
  • Струга и Берово – по 5
  • Ресен – 4
  • Тетово и Пробиштип – по 3
  • Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2
  • Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1
ковид податоци

Починале 16 лица: 8 од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 214
  • Струмица – 70
  • Куманово – 23
  • Тетово – 16
  • Штип – 12
  • Кочани и Кичево – по 10
  • Гостивар – 9
  • Битола – 8
  • Велес и Кавадарци – по 7
  • Прилеп и Свети Николе – по 5
  • Крива Паланка и Богданци – по 3
  • Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2
  • Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран - по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12012 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.