Почетна » Новости » Актуелно » 410 новозаразени и 11 починати од коронавирус

410 новозаразени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.674 тестирања, а има 410 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 185
  • Битола – 31
  • Прилеп – 22
  • Охрид и Струмица – по 15
  • Велес, Кавадарци и Штип – по 14
  • Куманово – 13
  • Тетово и Кочани – по 10
  • Делчево – 8
  • Крива Паланка и Пробиштип – по 6
  • Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5
  • Берово, Кратово и Крушево – по 4
  • Неготино – 3
  • Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
  • Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г) и по едно од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 156
  • Битола – 26
  • Куманово – 14
  • Кавадарци – 10
  • Прилеп и Охрид – по 9
  • Струмица и Штип – по 8
  • Неготино – 6
  • Гевгелија и Македонска Каменица – по 5
  • Делчево – 4
  • Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен - по 3
  • Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2
  • Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.